Во период од 17-18.03.2024 г. во посета на МССФ пристигна Претседателот на Светската Стрелачка Спортска Федерација Г-дин Лучијано Роси. На средбата се разговараше за претстојните Олимписки игри во Париз 2024, за Европските младински олимписки игри кои треба да се одржат во Скопје 2025 година како и други заеднички проекти за развој на Македонското стрелаштво кое е во подем и доста опремено за разлика од минатото.
Исто така Претседателот на ИССФ Г-дин Роси се заблагодари на Македонскиот Олимписки комитет за одличната соработка со ИССФ и МССФ која е на многу високо ниво. Димевски и Роси разговараа и за многу проекти поврзани со идните млади стрелци кои еден ден секако ќе ја претставуваат Македонија на следните Олимписки игри и истакнаа дека и во иднина ќе се продолжи со поддршка на МССФ и спортското стрелаштво.

