Почитувани,
На ден 10.02.2024 г. нашите стрелци Мартин Ангелески и Анастасија Мојсовска со воздушна пушка и Биљана Караѓорѓиева и Марија Шиндева со воздушен пиштол учествуваа на традиционален натпревар во Приштина. Нашите стрелци на натпреварот освоија први места во три категории и тоа
Мартин Ангелески во дисциплината воздушна пушка 60 мажи со испукани
624,1, кругови кој воедно е и негов личен и Државен рекорд,
Анастасија Мојсовска со воздушна пушка 60 жени со резултат од
621,9 кругови и
Биљана Караѓорѓиева во дисциплината со воздушен пиштол жени со резултат од
532 кругови. На овој натпревар настапи и младата јуниорка
Марија Шиндева која погоди
516 кругови.

На посебна церемонија беа поделени дипломи за спортистите додека Претседателот на Косовската Стрелачка Федерација Г-дин Гезим Хазролли додели плакети на Претседателот на МССФ Г-дин Јордан Тасевски и на Претседателот на Албанската Стрелачка Федерација Г-дин Стефан Рруфа како благодарност за повеќегодишната соработка и поддршката на спортското стрелаштво. Во меѓусебен разговор Претседателите на трите федерации во иднина договорија континуирана меѓусебна соработа со цел подобар развој на спортското стрелаштво во овој регион и поддршка на досегашните одлични резултати на младите спортисти со цел постигнување на уште поконкурентни резултати на европско и светско ниво во областа на спортското стрелаштво.