Почитувани љубители на спортското стрелаштво,
Во период од 31 мај до 8 јуни 2024 г. се одржа еден од најконкурентните Светски купови во спортско стрелаштво во Минхен, Германија. На овој светски куп во конкуренција на 150 најдобри светски стрелци во секоја дисциплина од над 60 земји учеснички настапија и стрелците од Државната репрезентација на Македонија предводени од Селекторот на МССФ Валентина Гоџоска. Најуспешна беше Анастасија Мојсовска која постигна извонреден резултат од 628,8 кругови (102.1 105.4 104.8 105.9 105.8 104.8), резултат кој е личен и Државен рекорд и воедно висок светски резултат кој е најдобар во историјата на Македонското стрелаштво во дисциплината воздушна пушка жени.
Од најдобрите 8 и влез во финале Мојсовска ја делеа само 3,7 кругови што е показател дека можеме да се мериме со било кој во светот иако таа има само 22 години но парира на сите најдобри светски сениорки. Анастасија Мојсовска е потенцијален кандидат во спортско стрелаштво за учество на Олимписките игри во Парис 2024 и сигурно чекори кон Париз заедно со својот тренер Јордан Тасевски со кој ќе продолжи да го зголемува и утврдува резултатот на претстојните подготовки и натпревари.
На овој светски куп во Минхен со воздушна пушка учествуваа и постигнаа солидни резултати и Мартин Ангелески со испукани 620,1 кругови (100.8 103.9 102.4 104.3 104.9 103.8) и Драгослав Кудрановиќ со испукани 615,3 кругови (102.9 102.3 104.1 102.5 102.3 101.2).