Почитувани стрелци и љубители на спортското стрелаштво,

На ден 16.03.2024 година на воздушното стрелиште во Битола во организација на МССФ а, како домаќини С.К РЕК Битола и С.К Пелистер се одржа Државно првенство во спортско стрелаштво со воздушно оружје – пушка и пиштол на 10 метри, во категорија на мажи и жени, јуниори и сениори. Се натпреваруваа 10-тина клубови и околу 90-тина стрелци во сите дисциплини и категории.

Во дисциплината воздушна пушка жени, а воопшто и во апсолутна конкуренција во дисциплината воздушна пушка најуспешна беше Анастасија Мојсовска од СК Стрелец Скопје која постигна личен и Државен рекорд со испукани 624,7 кругови. Анастасија Мојсовска е потенцијален кандидат во спортско стрелаштво за учество на Олимписките игри во Парис 2024 и ќе продолжи заедно со својот тренер Јордан Тасевски да го зголемува и утврдува резултатот на претстојните меѓународни квалификациски натпревари заедно со останатите државни репрезентативци кои се кандидати за учество на Олимписките игри во Париз 2024 г.

Во продолжение Ви ги прикажуваме и останатите резултатите кои беа постигнати на Државното првенство со воздушно оружје за 2024 г.:

ПУШКА – ЈУНИОРКИ

1 место— АНАСТАСИЈА МОЈСОВСКА -624,7 круга, СК Стрелец

2 место— МАРИЈА ЦРВЕНКОВСКА -603,2 круга, СК РЕК Битола

3 место— ЛИНА НОЈКОВА -600,4 круга, СК Кавадарци

ПУШКА – ЈУНИОРИ

1 место— МАРТИН АНГЕЛЕСКИ -616,2 круга, СК Стрелец

2 место— КРИСТИЈАН БАЛОСКИ -603,7 круга, СК Охрид

3 место— НИКОЛА КАРАЃОРЃЕВ -603,3 круга, СК Кавадарци

ПУШКА – СЕНИОРКИ

1 место— ИВА МАЛЕНКО -602 круга, СК Охрид

2 место— АНДРИЈАНА КОЛЕВА -600,3 круга, СК Кавадарци

3 место— САРА ТОМЕВСКА -578,3 круга, СК Стрелец

ПУШКА – СЕНИОРИ

1 место— ДРАГОСЛАВ КУДРАНОВИЌ -600,2 круга, СК Стрелец

2 место— ЈАНЕ ЏИНГОВ -594 круга, СК Стрелец

3 место—  БОЈАН СИМИЧИЕВ -592,8 круга, СК Стрелец

ПИШТОЛ – СЕНИОРКИ

1 место— ОЛИВЕРА НАКОВСКА-БИКОВА -561 круга, СК Работнички

2 место—  МАЈА ЧЕШЕЛКОСКА -528 круга, СК Херој Прилеп

3 место— ВЕРОНИКА ВЕЛКОВСКА -527 круга, СК Стрелец

ПИШТОЛ – СЕНИОРИ

1 место— ЈОРДАН ТАСЕВСКИ -562 круга, СК Стрелец

2 место— ВАНЧО КАРАНФИЛОВ -537 круга, СК Лихнидос

3 место— ДАНИЕЛ МИХАЈЛОВИЌ -537 круга, СК Лихнидос

ПИШТОЛ – ЈУНИОРКИ

1 место— СТЕФАНИ САВЕСКА -540 круга, СК Лихнидос

2 место— МАРИЈА ШИНДЕВА -532 круга, СК Стрелец

3 место— БИЛЈАНА КАРАЃОРЃЕВА -530 круга, СК Кавадарци

ПИШТОЛ – ЈУНИОРИ

1 место— КЛИМЕНТ МОСТРО -539 круга, СК Лихнидос

2 место— ХРИСТИЈАН СТОЈАНОВ -536 круга, СК Велес

3 место— ИВАН МИЛЕВСКИ -529 круга, СК Охрид

По натпреварот Претседателот на МССФ Јордан Тасевски се заблагодари на сите клубови, тренери и стрелци за заедничкиот придонес и развој на стрелаштвото во изминатите 4 години, а како резултат на тоа е целосно електронизирани натпревари барем засега во Битола со што се надминаа проблемите во оценувањето и трошење на хартиени мети. Исто така истакна дека до пред 4 години бројот на натпреварувачи беше на половина или околу 45 до 50 натпреварувачи, а денес е за 100% зголемен односно од 90 до 100 стрелци во националната лига. Сето ова е резултат на поддршката од МССФ на клубовите и спортистите како и макотрпната секојдневна работа во клубовите кои и во лоши и во добри услови не се откажуваа од работа и тренинзи во своите клубови со своите Претседатели и тренери.

Во развојот на МССФ и клубовите од голема помош беше и ваучерскиот систем бидејќи средствата од истите се користеа за основните потреби за квалитетно функционирање и добар тренажен процес во клубовите.

Условите во Битолското стрелиште моментално се најсофистицирани, а покрај наместените 10 електронски мети на Второто ниво се поставуваат и 8 на долното ниво од стрелиштето со тоа што целосно се елктронизираат куповите и државното првенство со воздушно оружје. МССФ ќе продолжи да набавува електронски мети со цел да се дополнат и помогнат со електронски мети и останатите клубови кои имаат воздушни стрелишта и активно функционираат.

По успешниот настап на стрелците од клубовите на Државното првенство за 2024 г. со воздушно оружје од меѓународна програма Македонската Спортска Стрелачка Федерација им порача на клубовите, тренерите и спортистите и во понатамошниот период активно да продолжат во спроведувањето на тренажниот процес.

Канцеларија на МССФ