Почитувани,

Стрелците во Олимписката дисциплина ТРАП 125  продолжија и оваа година да редат успеси со меѓународно конкурентни резултати како на домашните така и на меѓународните натпревари каде што пред промените во МССФ во 2019 година  реткост беше да се види македонски стрелец на меѓународен натпревар за трап повеќе од 15 години. Државното првенство за 2023 година во Македонија се одржа на 22 и 23 јули 2023 година на олимпиското стрелиште од клубот “Магнум” Богданци каде што учествуваа доста  клубови членки на МССФ додека на Светскиот куп за трап, скит и останатите дисциплини со летечки мети кој се одржа во Лонато, Италија во период од 08-16.07.2023 година учествуваше стрелецот Јордан Христовски.

Државното првенство во дисциплината Олимписки трап односно пукање во 125 летечки мети кај нас попознато како пукање во глинени гулаби се одржа во два дена согласно правилата на Интернационалната Спортска Стрелачка Федерација и тоа во сабота на ден 22.07.2023 се пукаа 3 серии по 25 мети односно вкупно 75 летечки мети и во недела на ден 23.07.2023 година се пукаа 2 серии по 25 мети односно вкупно 50 летечки мети. По завршување на квалификацискиот дел во недела во финале се пласираа првите 6 стрелци кои дополнително пукаа 1 (една) серија од 25 летечки мети со по еден патрон во цевка односно 5 стрелци во понатамошната втора финална серија.

И ова државно првенство беше одржано на новите 15 трап машини од врвниот светски производител Лапорте кои беа набавени со заеднични напори на Претседателот на МССФ Јордан Тасевски и официјалниот ИССФ меѓународен судија и сопственик на олимпиското стрелиште во Богданци Ристо Попов. Со ова уште еднаш се потврди успехот и грижата на ова раководство за развој на олимпискиот трап и сите останати олимписки стрелачки дисциплини кои беа запоставени и речиси згаснати од претходното раководство на чело со Владимир Пандовски. Пред промената во 2019 година спортското стрелаштвото се држеше во заложништво повеќе од 15 години, а на истиот тој заедно со Иванчо Ивановски од Битола во 2019 година им беа скратени благодетите кои ги користеа лично за себе наместо за стрелците и после 4 години од нивната промена на секој можен начин преку многубројни лажни кукавички пријави, подмолни саботажи и политички заговори до Државните институции продолжуваат и се обидуваат на секој можен начин да го оцрнат огромниот развој на стрелачката федерација во секој поглед со цел да го нарушат мирот на 30 клубови и задоволни стотици стрелци. На сите овие напади Претседателот и управниот одбор на МССФ одгоговориле и докажале безброј пати дека МССФ работи согласно законските прописи на Македонија и така ќе се продолжи и во иднина со цел да не се дозволи повторно стрелаштвото да падне во раце на луге кои немаат допирна точка со стрелаштво.

Државното првенство се одвиваше под водство на ИССФ меѓународните судии за трап и скит Ристо Попов и Јордан Тасевски.

По финалната борба на Државното првенство на првото место се искачи Блажо Митев со 108+35 погодени мети од С.К “Летечка Мета”, на второто место Зоран Јованов од С.К “Самострел” со 92+34 погодени мети, додека на третото место се пласира Бобан Тушев од С.К “Стрелец” со 93+28 погодени мети.

По одржувањето на натпреварот Македонската Спортска Стрелачка Федерација наиде на голема подршка и пофалби клубовите, стрелците и љубителите на оваа Олимписка дисциплина со цел активно да се продолжи и во иднина со што почести натпревари и поддршка на МССФ преку кои ќе се избираат учесници за учество на меѓународните натпревари.

Исто така една недела пред одржување на Државното првенство во период од 08-16.07.2023 г. на Светскиот куп за трап, скит и останатите дисциплини со летечки мети на најдоброто шатган стрелиште во Светот во Лонато, Италија настапи стрелецот Јордан Христовски кој погоди 106 од вкупно 125 летечки мети со серии   24 18 22 19 23. За финална борба и пласман во првите шест стрелци во оваа дисциплина на овој натпревар потребни беа да се погодат 122 летечки мети.