Почитувани љубители на спортското стрелаштво,

На 25-26.03.2023 година на стрелиштето Пампас, Осијек, Хрватска се одржа 3-от. Kahles Indoor F-Class Cup каде учествуваа преку 200 натпреварувачи од регионот и пошироко во следните дисциплини:

F-Target .22LR 100M
F-Target 300M
F-Open 300M
Најголем успех помеѓу силна конкуренција во дисциплината 300 метри Ф-ОПЕН го имаше нашиот успешен и докажан стрелец во оваа дисциплина Драган Прокоповски кој го освои првото место и ја освои главната парична награда.
Исто така екипата на ССК Лонг Реинџ го освои третото место во екипен пласман што е голем успех за нашите стрелци.
Честитки и до сите наши останати натпреварувачи од ССК Лонг Реинџ: Ангелко Петровски, Драган Јовановски, Никола Петковски, Никола Ристовски, Горан Дамчески и Игор Додевски кои како претставници на Македонија настапија во сите дисциплини и постигнаа високи резултати.
Нашите стрелци исто така се пофалија и изразија голема благодарност до организаторот Стрелачки клуб Легија од Осијек, Хртватска за беспрекорна организација на овој меѓународен натпревар.