Почитувани;

Во период од 11-13 Февруари 2022 година се одржа меѓународно првенство со воздушно оружје 10 метри “Vojvodina Cup 2022” во Нови Сад, Р.Србија. На ова првенство учествуваа повеќе Македонски репрезентативци кои имаа одличен настап во дисциплините Air Rifle Women 60, Air Rifle Men 60, Air Pistol Men 60 и Air Rifle Mixed Team.

Во дисциплината со воздушен пиштол мажи учествуваше единствено Борјан Бранковски кој со резултат од 561 кругови се пласира на 7-то место кое беше доволно за влез во финале односно дополнителна борба за медал на осумтте првопласирани. Финалната борба беше со исклучително силна конкуренција имајќи во превид дека Бранковски како млад спортист рамо до рамо се бореше и се избори за бронзен медал помеѓу светски искусните стрелци освојувачи на светски, европски и олимписки медали како што се Дамир Микец SRB, Урош Качавенда CRO, Душко Петров SRB, Никола Јовичич BIH и други.

Највисока позиција на Бранковски во финалната борба беше втората позиција која поради големиот притисок и мал пад на концентрација ја испушти со еден слаб погодокот од 8,2 кругови, а тоа го искористи искусниот Урош Качавенда од Хрватска кој од трето се искачи на второ место. Финалниот резултат на Борјан Бранковски од 216,1 кругови воедно е и нов Државен рекорд во финале за дисциплината воздушен пиштол мажи 60.

Во дисциплината воздушна пушка жени 60 настапија: Анастасија Мојсовска со високи 619,9 кругови на 8-та позиција, Јована Милевска со 603 кругови на 23-та позиција, Ирина Јовановска со 601,8 кругови на 25-та позиција и Лилјана Илиева со 598 кругови на 28-та позиција.

Во дисциплината воздушна пушка мажи настапија Мартин Ангелески кој со солиден резултат од 616.3 кругови се пласира на 6-та позиција додека Бојан Спасеноски со 594,4 кругови на 12-та позиција и Ненад Антиќ со резултат од 590,8 кругови на 13-то место..

Во дисциплината микс тим со воздушна пушка настапија три тимови од Македонија и тоа стрелците Анастасија Мојсовска (309,6 кругови) и Мартин Ангелески (304,5 кругови) кои со вкупен резултат од 614,1 кругови се пласираа на 5-то место за дополнителна финална борба со осумтте најдобри тимови по што повторно останаа на петтата позиција. Вториот тим во оваа дисциплина беа Јована Милевска (299,9 кругови) и Бојан Спасеноски (303,4 кругови) или вкупно 603,3 кругови и третиот тим Лилјана Илиева (300,1 кругови) и Ненад Антиќ (297,7 кругови) или вкупно 597,8 кругови.

Со оглед на тоа што повеќето репрезентативци се млади и перспективни со огромен потенцијал во иднина од истите ќе се очекуваат доста повисоки резултати и пласмани во финале, а натпреварот во Нови Сад може слободно да го оцениме како доста успешен и одличен меѓународен старт на натпреварувачката сезона за 2022 година.