Почитувани;

Во период од 08-10 Октомври 2021 година се одржа 7-то по ред меѓународно првенство со воздушно оружје 10 метри “Istvan Poljanac 2021” во Белград Р.Србија. На ова првенство учествуваа неколку Македонски спортски стрелци кои имаа по два настапи и тоа на 09.10.2021 во дисципплината Air Rifle Women 60 Junior настапија: Анастасија Мојсовска со 616,3 кругови на 7-та позиција, Јована Милевска со 611,8 кругови на 10-та позиција, Лилјана Илиева со 600,9 кругови на 15-та позиција, Ирина Јовановска со 598,2 кругови на 17-та позиција и Магдалена Ристоска со 595,2 кругови на 18-та позиција.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 junior настапија Мартин Ангелески со резултат 610.6 кругови на 7-та позиција и Бојан Спасеноски со 586,2 кругови на 12-та позиција додека во дисциплината Air Rifle Men 60 настапи единствено Драгослав Кудрановиќ со резултат од 593 кругови на 17 -то место. Во дисциплината со воздушен пиштол учествуваше единствено Борјан Бранковски со резултат од 566 кругови кој се пласира на 10-то место.

Натпреварите од вториот ден на 10.10.2021 започнаа со влез во финале за стрелецот Мартин Ангелески во дисциплината Air Rifle Меn 60 кој по завршување на квалификациите оствари резултат од 608,3 кругови и се пласира на 8-то место односно по завршување на финалната борба истиот го освои 7-то место со резултат од 141.6 кругови. во оваа дисциплина по втор пат настапија и Драгослав Кудрановиќ со резултат од 598,1 кругови како и Бојан Спасеноски со резултат од 589,3 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 по втор пат настапија и Анастасија Мојсовска со 616,1 кругови на 10-та позиција, Јована Милевска со 608 кругови на 14-та позиција, Ирина Јовановска со 605,9 кругови на 15-та позиција, Лилјана Илиева со 599,4 кругови на 17-та позиција и Магдалена Ристоска со 588,2 кругови на 19-та позиција каде што за жал во оваа категорија немаше влез во најдобрите 8 пласирани односно дополнително финале.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 во квалификациониот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: RIZOVA Tanya-BUL 626.6, SZIJJ Katinka-HUN 626.3; MALIC Marija-SRB -624.5;. Но, сепак во финалната борба во оваа дисциплина златниот медал го освои RIZOVA Tanya-BUL со резултат од 249.6 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 во квалификацискиот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: RIZOV Anton-BUL 626; BABAYAN Hrachik-ARM 625,9; RASIC Matej-BIH 624,1, но во финалето сепак златниот медал го освои 3-то пласираниот RASIC Matej-BIH со резултат од 250,1 кругови.