ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТУРНИРОТ LONG RANGE CUP 2020.

 

Македонската Спортска Стрелачка федерација ги известува своите активни членови, ловци, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво, дека турнирот LONGE RANGE CUP 2020 се одложува на неопределено поради преземање на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19.

ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРАВИЛА за турнирот
Отворен ден за Спортско стрелаштво ЛОНГ РЕИНЏ КУП 2020

I. ПРОГРАМА:

09:00 – Отворање на турнирот
09:30 – Почеток на натпреварите:

1. Пушка голем калибар F-Class 300 метри 10 истрели
2. Ловен карабин со оптички нишан 100 метри 10 истрели
3. Малокалибарска пушка 50 метри 10 истрели
15:00 – Доделување на признанија и награди

II. ПРАВИЛА за натправарувачките дисциплини:
1. ПУШКА ГОЛЕМ КАЛИБАР F- CLASS – 300 м.
• Во оваа дисциплина се користат пушки со оптички нишан;
• Дозволени се сите калибри со централно палење заклучно сокалибар 9,5 мм;
• Се стрела од лежечки став, дозволено е стрелецот напред да ја потпира пушката на мек наслон , при што може да користи преден рест кој што може да се нивелира по висина како и да се користат ногарки. Позади кундакот може да се потпира на врекичка со песок или зајачки уши, доколку стрелецот корист рест тој не смеета биде поврзан соослонецот за кундакот на пушката;
• Пушката заедно со оптичкиот нишан не смее да биде потешка од 10,00 кг. Тежината на Предниот наслон (рестот) не влегува во вкупната тежина на пушката;
• Не смее да се користи гасна кочница или компензатор;
• Времето за натпревар изнесува 15 минути од кои 5 митути се стела за проба во пробна мета при што не е ограничен бројот на истели и за 10 минути се стрелаат 10 истрели во мета за меч;
• Остварените резултаи се вреднуваат во поединечна и екипна конкуренција доколку натпреварувачот е член на екипа, екипата ја сочинуваат 3 члена.
2. ЛОВЕН КАРАБИН СО ОПТИЧКИ НИШАН – 100м.
• Во оваа дисциплина се користи Ловен карабин, репетирачки или полу автоматски со оптички
нишан;
• Дозволени се сите калибри со централно палење заклучно сокалибар 9,5 мм;
• Се стрела од лежечки став, дозволено е стрелецот напред да го потпира карабинот на тврд
или мек наслон , при што може да користи преден рест кој што може да се нивелира по
висина како и да се користат ногарки. позади кундакот може да се потпира на врекичка со
песок или зајачки уши;
• Ловниот карабин заедно со оптичкиот нишан не смее та биде потежок од 4.7 кг. Тежината
на ногарките не влегува во вкупната тежина на карабинот;
• На устата на цевка не смее да биде поширок од 17,00 мм.Доколку на устата на цевката има
навој ширината се мери пред почетокот на навојот;
• Не смее да се корити гасна кочница или компензатор;
• Времето за натпревар изнесува 15 минути од кои 5 митути се стела за проба во пробна мета
при што не е ограничен бројот на истели и за 10 минути се стрелаат 10 истрели во мета за
меч;
• Остварените резултаи се вреднуваат во поединечна и екипна конкуренција доколку
натпреварувачот е член на екипа, екипата ја сочинуваат 3 члена.
3. МАЛОКАЛИБАРСКА ПУШКА -50 м
• Став за стрелање, лежечки;
• Пушката треба да биде во калибар .22 со ивично палење (.22 SHORT, .22 LR и .22 MAGNUM);
• Дозволени се оптички нишани;
• Пушката напред може да се потпира на ногарки или мек наслон, а назад на мек наслон;
• Не се дозволени гасни кочници и компензатори;
• Времето за натпревар изнесува 15 минути од кои 5 митути се стела за проба во пробна мета
при што не е ограничен бројот на истели, за меч се стрела 10 минути во три мети од кои во
првата мета се стрелаат 4 истрели во другите две мети се стела по 3 истрели во секоја мета
што вкупно изнесува 10 истрели;
• Остварените резултаи се вреднуваат во поединечна и екипна конкуренција доколку
натпреварувачот е член на екипа, екипата ја сочинуваат 3 члена.

III. ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријави за поединечно и екипно натпреварување на турнирот LONG RANGE CUP 2020 можат да се
достават до организаторот – Клубот за спортско стрелаштво ЛОНГ РЕИНЏ Скопје на следната e-mail
адреса ssklongrange@gmail.com со наведување на дисциплината во која ќе се натпреварува едно
лице или екипа. Рокот за пријавување е __.__.2020 година.

IV. КОТИЗАЦИЈА:
Котизацијата за поединечно учество на турнирот за една дисциплина изнесува 500 денари, додека
за две и три дисциплини 700 денари.
• Котизација се уплаќа најдоцна до __.__.2020. на следната сметка на клубот:
Жиро сметка: 200003502932280
Банка на примачот: Стопанска Банка АД Скопје
Назив на примачот: КСС Лонг Реинџ Скопје
Цел на уплата: Котизација за дисциплина [наведете ја дисциплината за која се пријавувате]
• Доказ за платена котизација се приложува пред почеток на натпреварот.
Оружјето и муницијата за натпреварот на турнирот ги обезбедуваат самите натпреварувачи.

V. СТРЕЛИШТЕ:
Турнирот LONG RANGE CUP 2020 се одложува на неопределено, на спортското
стрелиште КАМНИК во Скопје. За сите подетални информации можете да се обратите до КСС ЛОНГ
РЕИНЏ Скопје, преку e-mail ssklongrange@gmail.com или на телефон 070 230 426 и 072 245 222.

VI. СИГУРНОСТ:
За сигурност на стрелците, службените лица и посетителите мора да постои самодисциплина и да
се почитуваат следните правила:
• Должност на службените лица е да воведат дисциплина, а стрелците и посетителитe истата
да ја почитуваат;
• Во интерес на сигурностa службените лица можат и имаат право да го сопрат натпреварот
во секое време;
• Обврска на стрелците е да ја пријават на службените лица секоја ситуација која може да
биде опасна и која може да предизвика било каква штета;
• Службените лица во секое време имаат право да го допираат оружјето-опремата без
дозвола на стрелците, но во нивно присуство, доколку сметаат дека постои потенцијална
опасност од опасна ситуација или причинување на штета;
• Во интерес на сигурноста со сите оружја мора да се ракува со максимална внимателност;
• Оружјето не смее да се пренесува или изнесува надвор од линијата за стрелање без команда
од линиски судија и без сигурносно знаменце кое е видливо дека излегува од двете страни
на цевката од пушката.
• Оружјето кога нема да се наоѓа на линијата на стрелање мора да биде во кутија или футрола;
• За време на траење на натпреварот оружјето секогаш треба да биде насочено во сигурен
правец;
• Оружјето смее да се полни и репетира само на линијата за стрелање и тоа исклучиво по
команда на линиски судија;
• Со оружјето може да се пука само на линијата на стрелање само по команда на линиски
судија;
• Ако стрелецот испука метак пред издадена команда од линиски судија истиот ќе биде
дисквалификуван;
• Пред стрелецот да ја напушти линијата за стрелање мора да се осигура дека оружјето е
празно, затворачот е отворен и шаржерот изваден. Обврска на службените лица е истото да
го проверат;
• Пробни истрели и вежби за нишанење се дозволени само на линијата за стрелање исклучиво
со команда на линиски судија. Истото правило важи и доколку било кое службено лице се
наоѓа на или пред линијата за стрелање;
• Се препорачува сите стрелци и посетители да носат опрема за заштита на уши (антифони или
чепови);
• Се препорачува сите стрелци и посетители да носат опрема за заштита на очи (стрелачки
очила отпорни на распрскувачки објекти);
• Клубот за спортско стрелаштво ЛОНГ РЕИНЏ Скопје нема да сноси никакви одговорности за
постапките на лицата кои нема да ги почитуваат погоре наведените правила за безбедно
ракување со оружје. Доколку лицата не постапуваат по погоре наведените правила за
безбедно ракување со оружје или предизвикаат штета по нивна вина последиците ќе ги
сноси лицето кое ракува со оружјето;
• Учесниците сами си обезбедуваат опрема за заштита на уши и очи.
Доколку не се почитуваат горенаведените правила за сигурност за време на турнирот, службените
лица имаат право да го дисквалификуваат натпреварувачот и истиот да биде отстранет од
спортското стрелиште КАМНИК.
Oд страна на организаторот за учесниците ќе бидат обезбедени медали и дипломи.

Со Почит,

Клуб за спортско стрелаштво
ЛОНГ РЕИНЏ Скопје