Сојузот на спортови на Скопје на свечена седница ги додели наградите 13 Ноември на заслужни спортист, тренер, екипа, спортски работници и професори за 2025 година.
Оваа награда се доделува од 1970 година и претставува особена чест да се оддаде признание за сите заслужни кои придонеле за резултати, афирмација и развој на спортот во Скопје и Македонија.
Помеѓу годинешните добитници на јубилејното 55-то доделување на награди беше и Јордан Тасевски на кој му беше доделено признание за Спортски работник – во спортско Стрелаштво што е чест, задоволство и признание за 35 годишната кариера во континуитет и посветеност на спортското стрелаштво почнувајќи на 7 годишна возраст како стрелец, тренер, селектор, а од 2019-та и актуелен Претседател на МССФ. Истиот има постигнато значајни резултати во развој, обнова на инфраструктурата во спортското стрелаштво како и професионална организација со врвна екипа на годинешниот Европски Младински Олимписки Фестивал во Скопје 2025.
Честитки и на остатаните спортски работници и спортисти:
1. АЛЕКСАНДАР АРГИРОСКИ ООУ Петар Поп Арсов, За развој на училишниот спорт во основните училишта
2. АНА ЈАКИМОВСКА СТРИЧЕВИЌ ДУФК М.М.Брицо За развој на училишниот спорт во средните училишта
3. ВЛАДИМИР БУЛАТОВИЌ – Спортски новинар ЕКИПА
4. ГОРАН МИЦКОСКИ – Спортски работник – Џудо
5. КИРИЛ ЛАЗАРОВ – Тренер – Ракомет
6. ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ – Спортист – Пливање
7. Р.К. АЛКАЛОИД – Спортска екипа
8. КИРИЛ МИХАИЛОВ – Животно дело – Фоторепортер
9. БОЖУРКА ЃОШЕВСКА – Животно дело – Атлетика
Воедно Македонската Спортска Стрелачка Федерација им го честита на сите граѓани на Скопје 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор.