По големиот успех на натпреварите во стрелаштво на 3-те Европски игри во Полска, обезбеден е нов успех и достигнување во развојот на стрелаштвото на Европскиот континент. На 52-то Генерално собрание на Европскиот олимписки комитети (ЕОC) беше потврдено дека стрелачкиот спорт за прв пат во историјата е вклучен во програмата на следните Европски младински олимписки игри (ЕYОF) кои ќе се одржат во Скопје, главниот град на Македонија, во 2025 година. Тоа ќе биде 18-то издание на EYOF и прв настап на млади спортски стрелци на ваков тип престижни натпревари! Претседателот на ЕSС, Александар Ратнер разговараше за потенцијалната програма за спортското стрелаштво и со Г-дин Даниел Димевски, Претседател на НОК на Северна Македонија. Големо внимание беше посветено од страна на Претседателот на ЕSС на неговите средби со делегатите на 52. ГС на ЕОC за да се гарантира местото на стрелањето меѓу основните спортови и на идните Европски игри.
Раководството на Европската Стрелачка Федерација истакна дека сега останува да се продолжи добрата соработка со Македонската Спортска Стрелачка Федерација и нејзиниот Претседател Јордан Тасевски како и со Македонскиот Олимписки Комитет и Агенцијата за млади и Спорт на Р. Сверна Македонија за што е планирана дополнителна средба во Скопје.
Новости
ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ и фотографии од спектакуларниот и јубилеен 20-ти GRAND PRIХ SKOPJE 2026
Македонската Спортска Стрелачка Федерација им се заблагодарува на сите учесници како натпреварувачи, гости, пријатели на федерацијата и љубители на спортското стрелаштво кои го поддржаа јубилејниот 20-ти Интернационален отворен турнир во спортско стрелаштво Grand Prix SKOPJE Read more…
