Од 01 до 13 Март 2025 година во Осијек, Хрватска се одржа Европското првенство во спортско стрелаштво со воздушно оружје во дисциплините на 10 метри.
На ова првенство имаше учесници од 40-на европски земји, а тоа значи дека стрелачкиот спорт е на високо ниво и во голема мера се развива во многу земји.
Македонските натпреварувачи и јуниори кои дебитираа и сениори предводени од националниот селектор Валентина Гоџоска се прикажаа во добро светло на Европското првенство во Осијек 2025 и имаа солидни резултати.
Така во дисциплината воздушна пушка жени во извонредно силна конкуренција, спортистката Анастасија Мојсовска оствари резултат од 622,1 кругови. Својата форма и капацитет на ова Европско првенство Анастасија Мојсовска не ја изрази бидејќи истата е носител на Државниот рекорд од 628,8 кругови остварен на Светскиот куп во Минхен во 2024 година додека во оваа дисциплина беа потребни 630,8 кругови за влез во финале и најдобрите 8 стрелци.
Вториот македонски спортист Мартин Ангелески во дисциплината воздушна пушка мажи оствари резултат од 621,0 кругови, што исто така е под неговите оптимални можности, бидејќи пред ова првенство, на претходниот меѓународен настап оствари резултат од 628.3 кругови кој воедно беше и негов личен и Државен рекорд во оваа дисциплина. Во оваа дисциплина беа потребни 630,2 кругови за влез во најдобрите 8 стрелци што е лесно недостижен резултат за Мартин Ангелески како кандидат за претстојните Олимписки игри во Лос Анџелес 2025.
Третиот Македонски спортист Драгослав Кудрановиќ кој исто така настапи во воздушна пушка мажи оствари резултат од 605 кругови што е исто така резултат кој е над (MQS) Минималната квалификациона норма која е 595 кругови.
Од јуниорите настапија Климент Мостро со резултат од 539 кругови и Иван Милевски со испукани 534 кругови во дисциплината воздушен пиштол додека во дисциплината воздушен пиштол жени настапија Биљана Караѓорѓева со извонредни 555 и Марија Шиндева со 518 кругови.
Уверени сме дека во наредниот период со континуиран тренажен процес на претстојните ИССФ и ЕСЦ меѓународни натпревари кои не очекуваат дека нашите спортисти ќе остварат резултат кои ќе им овозможи влез во финале за дополнителна борба за медал кој ќе овозможи учество на Олимписки игри во Лос Анџелес 2025 г.



