Почитувани стрелци и љубители на спортското стрелаштво,

На ден 16.11.2024 година на воздушното стрелиште во Битола во организација на МССФ, а како домаќини С.К РЕК Битола и С.К Пелистер се одржа IV -от Куп во спортско стрелаштво со воздушно оружје – пушка и пиштол на 10 метри, во категорија на мажи и жени, јуниори и сениори. Се натпреваруваа 10-тина клубови и околу 70-тина стрелци во сите дисциплини и категории.

Во дисциплината воздушна пушка мажи, а воопшто и во апсолутна конкуренција во дисциплината воздушна пушка најуспешен беше Мартин Ангелески од СК Стрелец Скопје кој постигна личен и Државен рекорд со испукани 624,8 кругови. Мартин Ангелески ја привршува натпреварувачката сезона за 2024 со доста амбициозен резултат кој ветува во наредниот период со континуиран тренинг да се зголеми, што отвара нови врати за него во наредниот олимписки циклус кој не очекува до Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година. 

По натпреварот Претседателот на МССФ Јордан Тасевски се заблагодари на сите клубови, тренери и стрелци за заедничкиот придонес и развој на стрелаштвото во изминатите 5 години, а како резултат на тоа е целосно електронизирани натпревари барем засега во Битола, а наскоро и и во Скопје во новиот Национален Стрелачки Центар во Општина Карпош.

Исто така истакна дека до пред 5 години бројот на натпреварувачи беше на половина или околу 45 до 50 натпреварувачи, а денес е за 100% зголемен односно од 80 до 100 стрелци во националната лига. Сето ова е резултат на поддршката од МССФ на клубовите и спортистите како и макотрпната секојдневна работа во клубовите кои и во лоши и во добри услови не се откажуваа од работа и тренинзи во своите клубови со своите Претседатели и тренери.

Во развојот на МССФ и клубовите од големо значење се и субвенциите од Министерството за Спорт кои ќе се користат за основни потреби како набавка на софистицирана опрема за квалитетно функционирање и добар тренажен процес во клубовите.

Од националната лига со воздушно оружје за 2024 г. со воздушно оружје останува да се одржи уште 5-от финале куп кој ќе се одржи на 21.12.2024 во Битола на кој што право на учество имаат само најдобрите 10 стрелци во лигата од секоја категорија.

Канцеларија на МССФ