Македонската Спортска Стрелачка Федерација е основана 1948 година.
Актуелен Претседател е Јордан Тасевски роден во 1985 година кој активно и секојдневно е посветен на спортското стрелаштво речиси целиот свој живот почнувајќи од рана возраст во 90-тите години. Истиот бил повеќекратен Државен првак со пиштол и пушка, учествувал на многу значајни меѓународни натпревари и постигнал високи резултати. Тренерската кариера ја започнува во 2012 година по што се стекнува со повеќе меѓународни сертификати и лиценци издадени од Интернационалната Спортска Стрелачка Федерација и Интернационалниот Олимписки Комитет. Како Селектор ја предводи Државната репрезентација во периодот од 2016-2020 година каде што стрелците постигнуваат завидни и конкурентни резултати на меѓународните натпревари. Во приватниот живот има успешна кариера како дипломиран правник со положен правосуден испит вработен во реномирана финансиска компанија.
МАКЕДОНСКАТА СПОРТСКА СТРЕЛАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА е здружение настанато со здружување на стрелачките клубови во РМ, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности кои се стремат кон збогатување и афирмација на стрелачкиот спорт во Република Македонија и афирмација на македонскиот спорт во светот.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ.
Поттикнување на активностите на децата и младината во доменот на спортското стрелаштво
Координирање и усогласување на програмските активности на Сојузите и Клубовите;
Утврдување на условите за организирање стрелачки натпревари;
Учествува во унапредување на стручната работа во стрелачките клубови;
Следење и разгледување на актуелните прашања за финансирање на стрелаштвото, изградба, одржување и користење на објектите и опремата, како и предлагање одредени мерки заради подобрување на состојбите;
МССФ дава стручна помош и материјали со надомест, на сите граѓани кои сакаат да се оспособат во ракување со оружје и прецизно стрелање. Обуката се врши во строго наменски објекти;
Организира маркетинг и пропагандна активност во областа на стрелачкиот спорт.
Учествува во организирање на меѓународните стрелачки натпревари, од интерес за Република Македонија.
Непосредно учествува во организирањето на државниот систем натпревари во спортско стрелаштво;
МССФ ги составува и се грижи за државните репрезентации во спортско стрелаштво;
Организира школување на стрелачки кадар, судии, инструктори и тренери;
Заради успешно извршување на наведените задачи, Федерацијата соработува со надлежни органи и институции на подрачјето на Републиката;
МССФ ќе врши стопанска и друга дејност, согласно Законот, со формирање трговско друштво;
МССФ дава мислење на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, за утврдување на статусот и рангот на врвните стрелци аматери;
Води евиденција на спортистите кои се стекнале со спортска категорија, согласно законската регулатива;
Се забранува стрелците да земаат или да им се даваат стимулативни средства, кои се забранети и штетни по здравјето. Допинг контролата е составен дел на мерките за здравствена контрола на стрелците.