Почитувани љубители на спортското стрелаштво,

На 13-14.04.2024 година на стрелиштето Пампас, Осијек, Хрватска се одржа 5-от. Kahles Indoor F-Class Cup каде учествуваа преку 200 натпреварувачи од регионот и пошироко во следните дисциплини:

F-Target .22LR 100M
F-Target 300M
F-Open 300M
Најголем успех помеѓу силна конкуренција во дисциплината 300 метри Ф-ОПЕН го имаше нашиот стрелец Горан Дамчески кој го освои првото место и ја освои главната награда пушка Сабати ТЛД 6.5 mm creedmoor.
Честитки и до сите наши останати натпреварувачи од ССК Лонг Реинџ: Ангелко Петровски, Драган Јовановски, Драган Прокоповски, Никола Петковски и Игор Додевски кои како претставници на Македонија настапија во сите дисциплини и постигнаа високи резултати.
Нашите стрелци исто така се пофалија и изразија голема благодарност до организаторот Стрелачки клуб Легија од Осијек, Хртватска за беспрекорна организација на овој меѓународен натпревар.