Во период од 19 јуни до 03 јули 2023 година се одржаа 3-те Европски игри во Краков, Полска на кои што покрај спортовите Бокс, Таеквондо, Карате, Текбол, Кајак и Мечувалство се квалификуваа и нашите спортски стрелци со воздушна пушка. Во дисциплината воздушна пушка мажи и жени на 3-те Европски игри во Вроцлав, Полска 23.06.2023 настапија Мартин Ангелески и Анастасија Мојсовска кои во силна конкуренција на 40 најдобри мажи и жени од Европа прв од 11:30 часот настапи Мартин Ангелески кој испука 615,8 кругови со серии: 101,7 103,2 103,5 102,5 104,1 100,8 при што се пласира на 37-то место. Резултатот на Мартин е неколку кругови под очекуваниот резултат но со оглед на тоа што истиот e јуниор со докажан потенцијал кој го држи Македонскиот рекорд, од него се очекува во наредниот период да се одстранат ситните грешки. Додека Анастасија Мојсовска настапи од 13 : 30 часот и испука солидно висок резултат од 621,6 кругови со серии: 103,4 102,8 103,0 105,3 103,1 104,0 која се пласира на 34-то место. Во текот на мечот истите одлично и координирано работеа со својот клубски тренер Јордан Тасевски и Селекторот Валентина Гоџоска. За влез во финале и дополнителна борба за медал кај мажите беа потребни 629,8 кругови додека кај жените 628,0 кругови. Во наредниот период ќе се продолжи со утврдување на потребните кругови за влез во финале кои Мартин и Анастасија ги пукаат без потешкотии на своите тренинзи. Подготовките и во наредниот период ќе продолжат интензивно со цел можно учество на претстојното Светкото првенство во Баку, Азербејџан во август 2023.