Почитувани стрелци и љубители на спортското стрелаштво,

На ден 25.02.2023 година на воздушното стрелиште во Битола во организација на МССФ а како домаќини С.К РЕК Битола и С.К Пелистер се одржа Државно првенство во спортско стрелаштво со воздушно оружје – пушка и пиштол на 10 метри, во категорија на мажи и жени, јуниори и сениори. Се натпреваруваа 12 клубови и околу 100 стрелци во сите дисциплини и категории.

По натпреварот Претседателот на МССФ Јордан Тасевски истакна дека до пред 3-4 години бројот на натпреварувачи беше на половина, околу 45 до 50 натпреварувачи, што значи дека за 100% сме се подобриле. Во тоа придонесува помошта од федерацијата со нови оружја, нова опрема и ги субвенциониравме клубовите кога набавуваа спортско воздушно оружје, па потоа добија и донирани воздушни пушки, пиштоли, опрема и дијаболи и сето тоа вроди со плод. Има многу млади стрелци, а резултатите на истите се покачуваат и веќе доаѓаат на некое солидно ниво. Има и државни репрезентативци, а оттука сега ќе продолжат да се подготвуваат за Европското првенство во Естонија на кое се планира да учествуваат: Мартин Ангелевски – пушка, Анастасија Мојсовска – пушка и Борјан Бранковски со пиштол, кој беше и на Олимписките игри во Токио.

Тасевски потенцираше дека на овој начин се подигна квалитетот на стрелаштвото, а клубовите се задоволни затоа што имаат подобри услови за работа бидејќи дополнително помага и Агенцијата за млади и спорт на Р. С. Македонија.

Во овој дел многу значи и ваучерскиот систем бидејќи ваучерите се користат за основните потреби за квалитетно функционирање и добар тренажен процес во клубовите. Исто така и дисциплината трап со летечки глинени гулаби ја вративме во форма овие 3-4 години, која беше занемарена 15 години, и во таа дисциплина минатата година на светското првенство Јордан Христовски освои минимална Б олимписка норма.

Условите во битолското стрелиште моментално се најсофистицирани, затоа што минатата година се инсталираа електронски мети на горниот кат, а на такви идентични електронски мети се пука и на европските и светските првенства.

Во продолжение Ви ги прикажуваме резултатите кои беа постигнати на државното првенство:

ПУШКА – ЈУНИОРКИ

1 место— АНАСТАСИЈА МОЈСОВСКА -618,7 круга, СК Стрелец

2 место— ТЕОДОРА ХРИСТОВА -603,1 круга, СК РЕК Битола

3 место— ЛИЛЈАНА ИЛИЈЕВА -600,1 круга, СК Кавадарци

ПУШКА – ЈУНИОРИ

1 место— МАРТИН АНГЕЛЕСКИ -613,4 круга, СК Стрелец

2 место— НИКОЛА БЛАЖЕВСКИ -605,5,8 круга, СК Стрелец

3 место— БОЈАН СПАСЕНОВСКИ-599,4 круга, ЖСК Лихнидос

ПУШКА – СЕНИОРКИ

1 место— ЈОВАНА МИЛЕВСКА -599,7 круга, СК Охрид

2 место— АНДРИЈАНА КОЛЕВА -591,4 круга, СК Кавадарци

3 место— НАДИЦА МИТРОВСКА -578,3 круга, СК Кавадарци

ПУШКА – СЕНИОРИ

1 место— ДРАГОСЛАВ КУДРАНОВИЌ -600,7 круга, СК Стрелец

2 место— КРИСТИЈАН ЏЕПАРОСКИ -592,6 круга, СК Охрид

3 место— ЈАНЕ ЏИНГОВ -591,2 круга, СК Стрелец

ПИШТОЛ – СЕНИОРКИ

1 место— ОЛИВЕРА НАКОВСКА-БИКОВА -554 круга, СК Работнички

2 место— ВЕРОНИКА ВЕЛКОВСКА -547 круга, СК Стрелец

3 место— МАЈА ЧЕШЕЛКОСКА -531 круга, СК Херој Прилеп

ПИШТОЛ – СЕНИОРИ

1 место— БОРЈАН БРАНКОВСКИ -557 круга, СК Стрелец

2 место— МАРТИН ГЕЛЕВСКИ -538 круга, СК Стрелец

3 место— САШО ТОДОРОВ -537 круга, СК Херој Прилеп

ПИШТОЛ – ЈУНИОРКИ

1 место— СТЕФАНИЈА ВЕЉАНОВСКИ -531 круга, СК Охрид

2 место— ИВА ДИЛЕВСКА -513 круга, СК Куманово 2000

3 место— МАРИЈА ШИНДЕВА -509 круга, СК Стрелец

ПИШТОЛ – ЈУНИОРИ

1 место— ХРИСТИЈАН СТОЈАНОВ -540 круга, СК Велес

2 место— ИВАН МИЛЕВСКИ -533 круга, СК Охрид

3 место— КЛИМЕНТ МОСТРО -527 круга, СК Лихнидос

По успешниот настап на стрелците од клубовите на Државното првенство 2023 со воздушно оружје од меѓународна програма Македонската Спортска Стрелачка Федерација изразува голема благодарност до сите клубови и стрелци кои земаа учествуваа на ова Државно првенство и порачува во понатамошниот период активно да продолжат во спроведувањето на тренажниот процес.

Во продолжение Ви ги доставуваме за преглед согласно Законот за Спорт и извештаите за 2022 година од корисниците на средства од даночно ослободување: Федерација, стрелачки клубови и спортисти.

Извештаи доставени до АМС на РСМ од корисниците на средства од даночно ослободување за Федерација, Стрелачки клубови и Спортисти во 2022 г.

Канцеларија на МССФ