Почитувани

Во период од 21.06.2022 до 07.07.2022 се одржаа Медитеранските игри во Оран, Алжир на кој учествуваа двајца наши спортски стрелци и тоа Анастасија Мојсовска во дисциплината воздушна пушка 60 жени и Борјан Бранковски во дисциплината воздушен пиштол 60 мажи задно со нивниот тренер Јордан Тасевски и селекторот Трајче Дамевски.

И двајцата свој настап имаа на 01.07.2022, а прва од 09 часот на програмата настапи Анастасија Мојсовска која во силна конкуренција на најдобрите жени од медитеранските земји испука 619,8 кругови со серии: 103,5 102,0 104,2 103,0 102,2 104,9 при што се пласира на 14-то место. Резултатот е очекуван и солиден со оглед на тоа што истата e млада јуниорка која го држи Македонскиот државен рекорд од 622,1 кругови. Во текот на мечот истата одлично и координирано одработи со својот тренер Јордан Тасевски. За влез во финале и дополнителна борба за медал беа потребни 626,5 кругови, а во наредниот период ќе се продолжи со утврдување на потребните кругови за влез во финале кои Анастасија ги пука без потешкотии на своите тренинзи.

Стрелецот Борјан Бранковски во дисциплината воздушен пиштол 60 мажи настапи втор од 12 часот кој постигна резултат од 563 кругови и се пласира на 14-то место со серии: 94 94 96 95 94 90. Од самите серии може да се заклучи дека Борјан беше конкурентен се до крајот на натпреварот и цврто се држеше од 8-мо до 10-то место се до пред крајот кога направи неколку грешки со погодоци од 7 и 8 кои беа пресудни за пласман на 14-то место. За потсетување Борјан Бранковски го држи Македонскиот државен рекорд од 573 кругови во оваа дисциплина кој беше постигнат минатата година на Олимписките игри во Токио што ни кажува дека младиот стрелец има потенцијал кој во наредниот период заедно со својот тренер Јордан Тасевски треба да се преточи во медал. За влез во финале и дополнителна борба за медал на првите 8 стрелци беа потребни 572 кругови.