Почитувани;

Во период од 08-10 Април 2022 година се одржа меѓународно првенство со воздушно оружје на 10 метри “6th April 2022” во Сараево, Босна и Херцеговина. На ова првенство кое се одржа по 14-ти пат учествуваа екипи од 11 земји над 120 стрелци и повеќе Македонски репрезентативци кои имаа одличен настап во дисциплините Air Rifle Women 60, Air Rifle Men 60, Air Pistol Men 60 и Air Rifle Team Men and Women.

Во дисциплината воздушна пушка 60 мажи настапија Мартин Ангелески (СК Херој Прилеп) кој со резултат од 611.7 кругови се пласира на 11-та позиција додека Никола Блажевски (СК Стрелец – Скопје) со 603,5 кругови на 17-та позиција и Бојан Спасеноски (СК Лихнидос – Охрид) со резултат од 599,1 кругови на 19-то место. Овој машки тим на млади и талентирани јуниори го освои второто место екипно со вкупен резултат од 1814,3 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка жени 60 настапија: Анастасија Мојсовска која постигна нов Државен рекорд со подобрување од 1 круг и вкупен резултат од 622,1 кругови која се пласира на 5-та позиција. Останатите спортисти кои настапија во оваа дисциплина беа Ирина Јовановска со личен рекорд од 612,5 кругови се пласира на 15-та позиција, Лина Нојкова со 601,1 кругови на 23-та позиција, Магдалена Ристеска со 601 кругови на 24-та позиција, Јована Милевска со 596,9 кругови на 26-та позиција, и Лилјана Илиева со 593,8 кругови на 29-та позиција.

Женскиот тим во воздушна пушка го освои петтото место во екипна конкуренција со вкупен резултат од 1835,4 кругови во состав Анастасија Мојсовска (СК Стрелец) Ирина Јовановска (СК Херој Прилеп) и Магдалена Ристеска (СК Херој Прилеп).

Во дисциплината со воздушен пиштол мажи учествуваше Борјан Бранковски кој со резултат од 561 кругови се пласира на 4-то место со кое мораше да се задоволи поради фатална грешка во последните 4 дијаболи каде што со погодок на 7-ца го испушти второто место и средбрениот медал. Во оваа дисциплина за прв пат меѓународен настап имаше и младиот јуниор Климент Мостро од СК Охрид кој постигна 499 кругови.

Со оглед на тоа што повеќето репрезентативци се млади и перспективни со огромен потенцијал во иднина од истите ќе се очекуваат уште повисоки резултати, пласмани во финале и медали, а натпреварот во Сараево и нашето учество за прв пат од осамостојување на Македонија може слободно да го оцениме како доста успешен и одличен старт на меѓусебната соработка со стрелачките клубови од Босна и Херцеговина.