Македонската Спортска Стрелачка Федерација ги известува и поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат учество или да бидат гости на вториот по ред Отворен ден за Спортско стрелаштво “II-СТРЕЛЕЦ КУП 2020” кој ќе се одржи во недела на ден 25 Октомври 2020 година во организација на Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје.

ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРАВИЛА за турнирот

Отворен ден за Спортско стрелаштво “II-СТРЕЛЕЦ КУП 2020

I. ПРОГРАМА:

Недела, 25/10/2020 година
09:15 — Свечено отварање на турнирот Отворен ден за Спортско стрелаштво “II-СТРЕЛЕЦ КУП 2020”

09:30 –Почеток на натпреварите:
–              Пиштол 25 метри ————————————————-10 истрели

–              Пиштол 25 метри (жени)————————————— 10 истрели

–              Револвер 25 метри ———————————————- 10 истрели

–              Пушка 100 метри ————————————————  10 истрели

–              Снајперска тактичка полуавтоматска пушка 100 м. — 10 истрели

–              Снајперска ловна пушка 200 метри ———————— 10 истрели

16:00 — Доделување на признанија и награди

II. ПРИЈАВУВАЊЕ:

Пријавите за поединечно и екипно натпреварување на турнирот Отворен ден за Спортско стрелаштво “II-СТРЕЛЕЦ КУП 2020 можат да се достават на емаил sk.strelec@hotmail.com до Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” Скопје со наведување на дисциплината во која ќе се натпреварува едно лице или екипа но најдоцна до 22 (четврток) октомври 2020 година најдоцна до 00:00 часот. Натпреварувачите кои поднесуваат пријава за екипно натпреварување во соодветната дисциплина мора задолжително да поднесат и пријави за поединечно натпреварување односно да имаат учество во истата дисциплина.

Поединечна и екипна пријава за Недела, 25/10/2020 година

PRIJAVA-POEDINECNO-STRELEC-KUP-2020

PRIJAVA-EKIPNO-STRELEC-KUP-2020

III. КОТИЗАЦИЈА:

Котизацијата за поединечно учество на турнирот во недела на ден 25.10.2020 година (во дисциплините пиштол 25м, револвер 25м, пушка 100м, снајперска полуавтоматска тактичка пушка 100м и снајперска ловна пушка 200м) за секој натпреварувач изнесува 500 денари (при што со тоа обезбедува настап во една дисциплина во поединечна и (или) екипна конкуренција. За настап на натпреварувачот во секоја наредна дисциплина втора, трета, четврта или петта се доплаќа 250 денари од дисциплина.

Оружјето и муницијата за натпреварот на турнирот ги обезбедуваат самите натпреварувачи.

* Котизација задолжително се уплаќа најдоцна до 22 (четврток) октомври 2020 г. единствено на следната сметка на клубот:

Жиро сметка: 300000001356872

Назив на примачот: Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” – Скопје

Депонент: Комерцијална Банка А.Д Скопје

Цел на уплата: Пример (Котизација за дисциплина Пиштол 25м)

* Доказ за платена котизација се приложува пред почеток на натпреварот.

Оружјето, муницијата како и предмети за заштита на слух и вид за натпреварите на турнирот ги обезбедуваат самите натпреварувачи. Исто така натпреварувачите сами си обезбедуваат предмети за набљудување на метите како што се дурбин, двоглед и сл.

IV. ПРАВИЛА за натправарувачките дисциплини:

– Пиштол………… 25 метри ………. 10 истрели.

Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Пиштолот е со централно палење. Дозволени се само механички нишани.
Во оваа дисциплина се употребуваат сите стандардни пиштоли наменети за службена или цивилна употреба. Некои од примерите за пиштоли кои можат да се употребуваат во оваа дисциплина се: Crvena Zastava, Ceska Zbrojovka, Glock, Heckler and Koch, Beretta, Sig Saur, Walther, Browning, како и модели на пиштоли на сите други производители за кои судиите по стрелаштво на натпреварот ќе одредат дека можат да се употребуваат во оваа дисциплина.
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
Вреднувањето на постигнатите резултати е одделно во мажи, машка и женска конкуренција, во поединечен и екипен настап. Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои ќе се пријавуваат и за екипен настап задолжително покрај пријавата за поединечен настап, должни се да достават и пријава за екипен настап.

– Револвер ………….. 25 метри ………. 10 истрели.

Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Револверот е со централно палење. Дозволени се само механички нишани. Пиштоли не се дозволени. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечни настапи и во единствена конкуренција (нема посебна машка и женска конкуренција и нема екипи). Натпреварувачите доставуваат само пријава за поединечен настап.

– Пушка …………….. 100 метри ……… 10 истрели.

Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и не е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога. Не е дозволена употреба на ногарки. Пушката е со централно палење. Пушката може да биде со систем за мануелно репетирање (примери: М-48, М-24, М-98 и сл.); со полуавтоматски систем на репетирање (примери: ПАП М-59/66 и сл.) или со автоматски систем за репетирање (примери: АК 47, АК 74, Застава М-70; Colt М-4, Heckler&Koch 223/308, Heckler&Koch G-36, Sig Sauer 550 и сл.). Пушките со автоматски систем за репетирање дозволено е да се употребуваат на натпреварот, само доколку со истите се гаѓа со полуавтомaтски режим на работа. Употреба на рафална стрелба не е дозволена. Дозволени се само механички нишани. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен и екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и посебно во женска конкуренција). Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои ќе се пријавуваат и за екипен настап задолжително покрај пријавата за поединечен настап, должни се да достават и пријава за екипен настап.

– Снајперска полуавтоматска тактичка пушка ……… 100 метри ………… 10 истрели.

Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензија ø 35 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога како и користење на ногарки. Дозволена е употреба на пиштолски ракохват и преклопен кундак. Дозволена е употреба на сите видови на оптички нишан. Снајперската полуавтоматска тактичка пушка е со централно палење и со полуавтоматски систем за репетирање. Дозволенo e користење на компензатор (гасна кочница). Снајперската полуавтоматска тактичка пушка мора да има променлив магацин со капацитет поголем од 5 куршуми. Дозволена е употреба на сите калибри до .35 инчи (8,89 мм.).

Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Примери на типови на полуавтоматски снајперски пушки кои можат да се користат во оваа дисциплина: Zastava М-76, Zastava М-91; Dragunov SWD, Hoeckler&Koch HK G3 SG 1; Hoeckler&Koch HK PSG 1, Hoeckler&Koch MR 223/308 и сл.

Вреднувањето на резултатите на натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и и посебно во женска конкуренција).

Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

– Снајперска ловна пушка ……. 200 метри …….. 10 истрели.

Растојанието до метата е 200 метри. Метата е кружна со димензии ø 35 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога. Дoзволено е потпирање на кундакот на пушката на мека или тврда подлога. Не е дозволена употреба на ногарки. Дозволена е употреба на сите нишански системи: оптички нишан, Red Dot, Aim Рoint, Holosigt I sl.). Ласерски нишан не е дозволен. Снајперскиот ловен карабин е со централно палење и истиот може да биде со мануелен или полуавтоматски систем на репетирање. Дозволено е употреба на стандарден променлив магацин за муниција со капацитет до 5 куршуми додека кај фиксен магацин нема ограничување на капацитет. Дозволени се сите калибри. Не е дозволено користење на компензатор (гасна кочница), пиштолски ракофат и преклопен кундак. Вкупната маса на снајперскиот ловен карабин, вклучувајки ги сите прицврстени додатоци како што се нишанот и ремникот не смее да надминува 4,7 кг. Дебелината на цевката на пушката не смее да надминува 17 милиметри, мерено до 50 милиметри од почетокот на круната на цевката.

Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и и посебно во женска конкуренција).

Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

V. СТРЕЛИШТЕ:

Вториот по ред Отворен ден за Спортско стрелаштво “II-СТРЕЛЕЦ КУП 2020” ќе се одржи на ден 25 Октомври 2020 година на Спортското Стрелиште КАМНИК во Скопје.
За сите подетални информации можете да се обратите до Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје, преку Е-mail: sk.strelec@hotmail.com или тел. 077/600-262 и 071/344-707

VI. СИГУРНОСТ

За сигурност на стрелците, службените лица и посетителите мора да се почитуваат наведените правила и да постои самодисциплина.

–       Должност на службените лица е да воведат дисциплина, а стрелците и посетителитe истата да ја почитуваат.

–       Во интерес на сигурностa службените лица можат и имаат право да го сопрат гаѓањето во секое време.

–       Обврска на стрелците е да ја пријават на службените лица секоја ситуација која може да биде опасна и која може да предизвика било каква штета.

–       Службените лица во секое време имаат право да го допираат оружјето-опремата без дозвола на стрелците но во нивно присуство, доколку сметаат дека постои потенцијална опасност од опасна ситуација или причинување на штета.

–       Во интерес на сигурноста со сите оружја мора да се ракува со максимална внимателност.

–       Оружјето не смее да се пренесува или изнесува надвор од линијата за стрелање без команда од линиски судија и без сигурносно знаменце кое е видливо дека излегува од двете страни на цевката од пушката или пиштолот со отворен затворач. За непочитување на ова правило ќе следува дисквалификација на натпреварувачот од страна на судијата без опоменување!

–       Оружјето кога нема да се наоѓа на линијата на гаѓање мора да биде во кутија, футрола, ранец или торба.

–       За време траење на натпреварот оружјето секогаш треба да биде насочено во сигурен правец.

–       Оружјето смее да се полни и репетира само на линијата за гаѓање и тоа исклучиво по команда на линиски судија.

–       Со оружјето може да се пука само на линијата на гаѓање само по команда на линиски судија.

–       Ако стрелецот испука метак пред издадена команда од линиски судија истиот ќе биде дисквалификуван.

–       Пред стрелецот да ја напушти линијата за гаѓање мора да се осигура дека оружјето е празно, затварачот е отворен и шаржерот изваден. Обврска на службените лица е истото да го проверат.

–       Пробни истрели и вежби за нишанење се дозволени само на линијата за гаѓање исклучиво со команда на линиски судија. Истото правило важи и доколку било кое службено лице се наоѓа на или пред линијата за гаѓање.

–       Се препорачува на сите стрелци и посетители да носат заштита за уши (антифони или чепови)

–       Се препорачува на сите стрелци и посетители да носат заштита за очи (стрелачки очила отпорни на распрскувачки објекти)

–       Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” Скопје нема да сноси никакви одговорности за постапките на лицата кои нема да ги почитуваат погоре наведените правила за безбедно ракување со оружје. Доколку лицата не постапуваат по погоре наведените правила за безбедно ракување со оружје или предизвикаат штета по нивна вина последиците ќе ги сноси лицето кое ракува со оружјето.

Доколку не се почитуваат горенаведените правила за сигурност за време на Вториот по ред Отворен ден за Спортско стрелаштво “II-СТРЕЛЕЦ КУП 2020, службените лица имаат право да го дисквалификуваат натпреварувачот и истиот да биде отстранет од спортското стрелиште КАМНИК.

VII. ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО

Вториот по ред Отворен ден за Спортско стрелаштво “II-СТРЕЛЕЦ КУП 2020 ќе се одржи под посебни безбедносни мерки за заштита на здравјето на сите учесници почитувајќи го Протоколот за одржување тренинг и натпревари во услови на КОВИД-19 за спортско стрелаштво одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство на Р.С. Македонија која го усвои истиот и со него препорача Македонската Спортска Стрелачка Федерација и клубовите да отпочнат со тренинзи и натпревари со строго почитување на протоколот и препораките за спречување и ширење на КОВИД-19. Од таа причина бројот на публика ќе биде лимитиран за речиси 50 % во споредба со турнирите во минатото, а редарите нема да дозволат лицата без заштитна маска да учествуваат или да бидат дел од публиката.

Oд страна на организаторот за натпреварувачите ќе бидат обезбедени вредни награди, медали, дипломи како и коктел забава.

Со Почит;