Почитувани спортски стрелци и љубители на спортското стрелаштво

Изминатиов викенд на ден 16.08.2020 година на стрелиштето Камник во Скопје се одржа Државно првенство на Македонија во дисциплините ПАП 7,62×39мм и војничка пушка 7,9мм на растојание од 100 метри во лежечки став за сите Стрелачки клубови кои се членки на Македонската Спортска Стрелачка Федерација.
Во двете дисциплини имаше 70-тина стрелци од повеќе стрелачки клубови кои го покажаа својот спортски дух во борбата за освојување на медал. Државно првенство се одржа под посебни безбедносни мерки за заштита на здравјето на сите учесници почитувајќи го Протоколот за одржување тренинг и натпревари во услови на КОВИД-19 за спортско стрелаштво.

Во поединечен пласман со пушка 7,9 мм на првите три места се искачија:

Јовица Гелевски од С.К “Стрелец” на прво место со резултат од 180 кругови, Томислав Гончев од С.К “Стрелец” на второ место со резултат од 168 кругови и Марјан Ивановски од С.К “Штип” на трето место со 166 кругови.

Во екипен пласман екипата на С.К “Стрелец” – Скопје во дисциплината пушка 7,9 мм убедливо го освои првото место со вкупен резултат од 500 кругови. На второ место беше екипата на СК “Штип” со освоени 474 кругови додека на трето место се пласира екипата на С.К “Херој Прилеп” со резултат од 457 кругови.

Во поединечен пласман со ПАП 7,62x39mm на првите три места се искачија:

Драган Марковски од С.К “Пелистер” на првото место со резултат од 146 кругови, Јовица Гелевски од С.К “Стрелец” на второ место со резултат од 142 кругови и на трето место Илче Спировски од С.К “РЕК Битола” со освоени 138 кругови.

Во екипен пласман екипата на С.К “РЕК Битола” во дисциплината ПАП 7,62×39 мм го освои првото место со вкупен резултат од 363 кругови. На второ место беше екипата на С.К “Пелистер” со освоени 353 кругови додека на трето место екипата на СК “Штип” со освоени 204 кругови.

Во дисциплината ПАП 7,62x39mm категорија жени оваа година учествуваше единствено Мартина Николовска од С.К “Пелистер” од Битола која освои 115 кругови.

Ви ги прикажуваме и останатите резултати од Државното првенство за 2020 во ПАП 7,62×39мм и пушка 7,9мм:

Во дисциплината пушка 7,9 мм:

Во дисциплината ПАП 7,62×39 мм

Голема благодарност до Илија Бојаровски и лугето од ТВ програмата Ловечко око кои како претходно така и на ова Државно првенство изнајдоа драгоцено време за да го опфатат во целост овој натпревар со фотографии и видео.

Благодарност и до Маршал производител на ловна муниција кој додели награди за првите три места во двете дисциплини,

како и до Микеи кои ни го отстапија за користење стрелиштето за овој Државен натпревар.