Почитувани;

Во период од 01-02 Февруари 2020 година се одржа меѓународното првенство со воздушно оружје 10 метри „Војводина Куп 2020“ во Нови Сад Р.Србија. На ова првенство учествуваа неколку Македонски спортски стрелци Ана Ивановска во дисципплината Air Rifle Women 60, Јована Милевска во дисциплината Air Rifle Women 60 junior и од мажите настапи Михаил Шишкоски во дисциплината Air Rifle Men 60. Спортистите на ова првенство се претставија во добро светло и остварија висок пласман.

Во конкуренција од 31 натпреварувачки, Ана Ивановска во дисциплината Air Rifle Women 60 по завршување на квалификациите оствари резултат од 618 кругови и се пласира на 8-то место односно по завршување на финалната борба истата го освои 7-то место со резултат од 140.6 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 junior настапи и Јована Милевска која испука резултат од 614,9 кругови и се пласира на 6-тото место но за жал во оваа категорија немаше финале.

Кај мажите настапи Михаил Шишкоски во дисциплината Air Rifle Men 60 koj го освои 12-тото место со резултат од 598.4 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 во квалификациониот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: IVANCHEVA Viktoria-BUL 622.8; KOLAREVIC Marija-SRB -622.8: RIZOVA Tanya-BUL 621.4;. Но, сепак во финалната борба во оваа дисциплина златниот медал го освои KOLAREVIC Marija-SRB со резултат од 247.7 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 во квалификацискиот дел од  натпреварот највисоки резултати постигнаа: RIZOV Anton-BUL 623,6; PESIC Dejan-SRB 622,9; JANJIC Djordje-SRB 621,3, но во финалето сепак златниот медал го освои 7-мо пласираниот RASIC Matej-BIH со резултат од 248,1 кругови.