Македонската Спортска Стрелачка Федерација ги известува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат учество на првиот отворен Турнир во спортско стрелаштво со огнено оружје: пиштол, револвер како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и 100 м во организација на Женски стрелачки клуб ,,Лихнидос“ од Охрид кој ќе се одржи на 01.10.2023 година на стрелиштето Бејбунар во Охрид
ДИСЦИПЛИНИ
- Пиштол – 25 метри – Проба: 5мин (неограничен број куршуми) Меч: 10 минути (10 куршуми)
- Револвер – 25 метри – Проба: 5мин (неограничен број куршуми) Меч: 10 минути (10 куршуми)
- Пушка (мк) 50 метри со оптички нишан – Проба: 5мин (неограничен број куршуми) Меч: 20 минути (20 куршуми)
- Пушка (мк) 100 метри со оптички нишан – Проба: 5мин (неограничен број куршуми) Меч: 20 минути (20 куршуми)
– Во сите четири дисциплини ќе се доделуваат награди посебно за (мажи-жени) со услов: најмалку 4 учесници по дисциплина.
ПРОГРАМА
- Пристигнување на учесниците: ……………………………….од 9:30 до 10 часот
- Отварање и обраќање на Турнирот: ……………………. од 10 до 10:15 часот
- Прва партија: на огнена линија 10:30 часот
- Старт пиштол-револвер 25м проба и меч: 10:35 ч до 10:50 ч
-Старт пушка (мк) – 50 м проба и меч: 10:35 ч до 11:00 ч
- Втора партија: на огнена линија 11:10 часот
- Старт пиштол-револвер 25м проба и меч: 11:15 ч до 11:30 ч
-Старт пушка (мк) – 50м проба и меч: 11:15 ч до 11:40 ч
– Трета Партија: на огнена линија 11:50 часот
– Старт пиштол-револвер 25м проба и меч: 11:55 ч до 12:10 ч
– Старт пушка (мк) – 50м проба и меч: 11:55 ч до 12:20 ч
– Четврта Партија: на огнена линија 12:35 часот
– Старт Пушка (мк) 100м: 12:40 ч до 13:05 ч
– Петта Партија: на огнена линија 13:15 часот
– Старт Пушка (мк) – 100м 13:20 ч до 13:45 ч
– Шеста Партија: на огнена линија 13:55 часот
– Старт Пушка (мк) – 100м 14:00 ч до 14:25 ч
Завршување на натпреварите во 14:25 ч
Доколку има пријава на натпреварувачи повеќе од предвидените, ќе бидат додадени дополнителни партии. Котизацијата за една дисциплина ќе изнесува 500 денари, а за секоја наредна 300 ден. Еден натпреварувач може да се натпреварува во сите 4 дисциплини со уплата од 1.400 денари
Пријавување на е-маил на sklihnidos@yahoo.com најдоцна до 25.09.2023, а право на учество ќе имаат сите учесници кои ќе уплатат котизацијата на ж-ска 250 000 301 790 391 во Шпаркасе банка А.Д Охрид најдоцна до 28.09.2023г до 14ч
ЦЕРЕМОНИЈА НА ПРОГЛАСУВАЊЕ, ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА и затворање на Турнирот:
од 14:30 – 15 часот
ОРГАНИЗАТОРОТ НА УЧЕСНИКОТ СО НАЈДОБАР РЕЗУЛТАТ ВО ДИСЦИПЛИНАТА СО ПУШКА 50 И 100 МЕТРИ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ НАГРАДА МАЛОКАЛИБАРСКА ПУШКА – ZASTAVA M-56 22LR
Напомена:
Се молат сите учесници на Турнирот да го почитуваат Законот за оружјето- задолжително да носат Дозвола за оружјето кое го поседуваат, да носат заштитни наочари и антифони. Секое непрописно однесување и непочитување на одредбите, како и безбедноста во ракувањето со оружјето ќе биде санкционирано со дисквалификација.
Трошоците за: превоз, котизација и муниција се на товар на самите натпреварувачи или Стрелачки клубови.
ЖСК ,,Лихнидос“ – Охрид
07.09.2023 Претседател Снежана Здравеска