Почитувани

Изминатиот месец во период од 11-16 октомври 2022 година се одржа Светското првенство за стрелаштво во повеќе дисциплини во Каиро – Египет. На ова Светско првенство прв на 14-ти октомври свој настап во дисциплината воздушна пушка мажи 60 имаше Мартин Ангелески кој оствари висок резултат од 617,8 кругови. Постигнатиот пласман е најдобар во спортското стрелаштво во дисциплината воздушна пушка 60 мажи постигнат за Македонија на едно Светско првенство каде што конкуренцијата е извонредно силна.
Одличниот резултат е високо над минималната олимписка норма MQS (Minimum Qualification Sqore) која изнесува 595 кругови или популарно кажано со овој резултат Мартин Ангелески оствари Б-олимписка норма што е чекор поблиску до учество на ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ во претстојниот олимпискиот циклус до ПАРИЗ 2024 година.

На ова Светско првенство истиот ден настапи и Анастасија Мојсовска која во дисциплината воздушна пушка жени 60 испука под своите оптимални можности резултат од 615,9 кругови бидејќи истата го постигна минатата година државниот рекорд на натпревар во Сараево од 622,1 кругови. Сепак и овој резултат е високо над минималната олимписка норма MQS (Minimum Qualification Sqore) која изнесува 590 кругови или популарно кажано со овој резултат и Анастасија Мојсовска оствари Б-олимписка норма со тоа што и преостанува да продолжи со добар тренажен процес да го врати резултатот достоен за неа преку кој ќе се бори за пласман во финале и борба за медал што ќе претставува освојување на директна квота на некој од претстејните натпревари во олимпискиот циклус до ПАРИЗ 2024 година.

Наредниот ден на 15 октомври настапи и Борјан Бранковски во дисциплината воздушен пиштол 60 кој оствари резултат од 559 кругови. Во оваа дисциплина минималната олимписка норма MQS (Minimum Qualification Sqore) изнесува 563 кругови со тоа што на олимпискиот учесник од Токио кој оствари резултат од 573 кругови кој воедно беше и државен рекорд му преостануваат сериозни тренинзи за корекција на грешките до наредните натпревари.