Почитувани,

Стрелците во Олимписката дисциплина ТРАП 125  продолжија и оваа година да редат успеси со меѓународно конкурентни резултати како на домашните така и на меѓународните натпревари каде што претходно немаше македонски стрелци повеќе од 15 години. Државното првенство се одржа на 22 и 23 октомври 2022 година на олимпиското стрелиште од клубот “Магнум” Богданци каде што учествуваа доста  клубови членки на МССФ додека Светското првенство за трап, скит и останатите дисциплини со летечки мети се одржа во Осијек, Хрватска во период од 24-28.09.2022 година на кое после 15 години повторно учествуваа тројца наши стрелци.

Државното првенство во дисциплината Олимписки трап односно пукање во 125 летечки мети кај нас попознато како пукање во глинени гулаби се одржа во два дена согласно правилата на Интернационалната Спортска Стрелачка Федерација и тоа во сабота на ден 22.10.2022 се пукаа 3 серии по 25 мети односно вкупно 75 летечки мети и во недела на ден 23.10.2022 година се пукаа 2 серии по 25 мети односно вкупно 50 летечки мети. По завршување на квалификацискиот дел во недела во финале се пласираа првите 6 стрелци кои дополнително пукаа 1 (една) серија од 25 летечки мети со по еден патрон во цевка. Разликата од минатогодишното државно првенство беше што овој пат натпреварот се одржуваше на нов сет од 15 трап машни од врвниот светски производител Лапорте кои беа набавени со заеднични напори на Претседателот на МССФ Јордан Тасевски и официјалниот ИССФ меѓународен судија и сопственик на олимпиското стрелиште во Богданци Ристо Попов. Со ова уште еднаш се потврди успехот и грижата на ова раководство за развој на олимпискиот трап кој беше запоставен и речиси згаснат од претходното раководство кое пред промената во 2019 година го држеше во заложништво спортското стрелаштво повеќе од 15 години. Иако Македонската Спортска Стрелачка Федерација покажа и докажа врвен квалитет и успех во земјата и регионот сеуште се соочува со обиди за кочење во работењето од претходното раководство кое очајно се обидува да нанесе штета со разни институционални препреки преку инспекциски органи и разно разни лажни пријави со цел негирање на големите успеси.

Државното првенство се одвиваше под водство на ИССФ меѓународниот судија Ристо Попов.

По финалната борба на Државното првенство на првото место се искачи Јордан Христовски со 118 погодени мети од С.К “Магнум” од Богданци, на второто место Иван Атанасовски од С.С.К “Рефлекс Шат” – Струмица со 113 погодени мети, додека на третото место се пласира Момчило Стојчев со 107 погодени мети исто така од С.С.К “Рефлекс Шат” – Струмица.

По одржувањето на натпреварот наидовме на голема подршка и пофалби од љубителите на оваа Олимписка дисциплина со цел активно да се продолжи и во иднина со што почести натпревари и поддршка на МССФ преку кои ќе се избираат учесници за учество на меѓународните натпревари.

Исто така пред Државното првенство во период од 24-28.09.2022 г. се одржа Светското првенство за трап, скит и останатите дисциплини со летечки мети во Осијек, Хрватска каде што по 15 години пауза повторно учествуваа тројца наши стрелци на официјален ИССФ натпревар. Еден од тројцата репрезентативци беше и искусниот Јордан Христовски кој по пауза од последниот ИССФ натпревар во 2007 година се врати со одличен резултат на ова Светско првенство каде што погоди 115 од вкупно 125 летечки мети со серии 23 25 21 23 23 што воедно претставува НОВ МАКЕДОНСКИ РЕКОРД НА СИТЕ ВРЕМИЊА на еден ИССФ натпревар и воедно резултат кој е над определената MQS (Minimum Qualification Sqore) или популарно кажано Б-олимписка норма што е чекор поблиску до учество на ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ во олимпискиот циклуц кој ни предстои до ПАРИЗ 2024 година. За финална борба и пласман во првите осум стрелци во оваа дисциплина потребни беа да се погодат 120 летечки мети. На ова светско првенство дебитираше и Иван Атанасовски кој испука солиден резултат од 101-на летечка мети со серии (22 20 20 20 19) и Димитар Арапов кој не го послужи спортската среќа бидејќи имаше проблеми со својата пушка која ги испукуваше патроните од двете цевки но сепак достојно го заврши натпреварот без да го прекине со резултат од 61 летечка мета (18 8 13 7 15).

Во прилог Ви го прикажуваме билтенот со резултати од државното првенство во трап за 2022 г.:

БИЛТЕН ОД ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА ТРАП 2022