Почитувани,
26-от меморијален турнир Ристо Танев се одржа на 18.09.2022 во стрелиштето на С.К Кавадарци во гимназијата Добри Даскалов во Кавадарци. Оваа година на турнирот се гаѓаше со воздушна пушка јуниори апсолутна категорија од 60 истрели на електронски мети. Поканети беа најдобрите 18 јуниори со воздушна пушка од клубовите членки на МССФ, а гаѓаа вкупно 17 од кои 4 стрелци вон конкуренција.
По пристигнувањето на клубовите, од страна на Претседателот на клубот Горан Илиев, се кажаа неколку зборови за патронот и за историјатот на турнирот, како и за важноста на овие натпревари за унапредување на спортското стрелаштво. Истакнато беше и за помошта на клубовите и МССФ во организацијата на овој турнир уште од неговиот почеток во 1994 година. Потоа збор зеде и Претседателот на МССФ, Јордан Тасевски, кој истакна дека и понатаму ќе продолжи помошта и соработката од страна на МССФ кон клубовите, а воедно и резултатите од овој турнир ќе бидат репер при избор на стрелци за учество на поголеми натпревари. Со ова турнирот се прогласи за отворен и стрелците го започнаа натпреварот. Се гаѓаше според правилата нас ИССФ во три партии и постигнати беа следните резултати:
1. Анастасија Мојсовска СК Стрелец-Скопје 617,0 | |||||||
2. Мартин Ангелески СК Херој-Прилеп 611,6 | |||||||
3. Лилјана Илиева СК Кавадарци- Кав. 605,6 | |||||||
4. Бојан Спасеноски ЖСК Лихнидос -Охр. 603,3 | |||||||
5. Теодора Христова СК РЕК -Битола 601,2 | |||||||
6. Ирина Јованоска СК Херој -Прилеп 599,0 | |||||||
7. Лина Нојкова СК Кавадарци – Кав. 594,1 | |||||||
8. Ненад Антиќ СК Велес -Велес 592,9 | |||||||
9. Филип Гически СК Херој-Прилеп 591,5 | |||||||
10. Ели Панова СК Велес – Велес 590,7 | |||||||
11. Никола Блажевски СК Стрелец -Скопје 589,4 | |||||||
12. Мартин Димитриоски СК Стрелец-09 – Прилеп 578,2 | |||||||
13. Фросина Конеска СК Херој -Прилеп 556,3 |
Од стрелците вон конкуренција постигнати беа следните резултати: | |||||||
Христијан Балоски СК Охрид – Охрид 582,8 | |||||||
Вања Арсиќ СК РЕК – Битола 572,0 | |||||||
Андре Давчев СК Кавадарци – Кав. 550,6 | |||||||
Теодора Спироска СК Охрид – Охрид 535,0 |
По завршување на натпреварот се доделија дипломи, медали и награди за првите тројца најуспешни стрелци. Беше доделена и награда за најдобра серија од 10 дијаболи со резултат 103,9 која му припадна на Мартин Ангелески од СК Херој Прилеп, а награда за најмногу испукани апсолутни центри (10.9) припадна на Анастасија Мојсовска од СК Стрелец – Скопје. На крајот гостите беа поканети на свечен коктел.
Стрелчки клуб Кавадарци им се заблагодари на сите учесници за присуството на овој турнир, а на стрелците им ги честита постигнатите успеси со желба за зголемување на истите во иднина и се обврза дека ќе ја продолжи оваа традиција се со цел унапредување на спортското стрелаштво.