Македонската Спортска Стрелачка Федерација ги известува и поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат учество или да бидат гости на Првиот отворен Натпревар во Спортско Стрелаштво за ПЦП (воздушно) и Малокалибарско (22 LR) оружје.

ПОКАНА:

 

ПРОГРАМА

Недела 19/06/2022

Од 08 : 00 до 08 : 45 пријавување на натпреварувачи

09 : 00 Почеток на натпреварот во категорија 50 метри:

22 LR Rifle (оптички нишан) ….. ….. 50 метри …… …. 20 истрели (20 минути)

PCP Rifle    (оптички нишан) …… …. 50 метри …… …..20 истрели (20 минути)

11 : 00 Почеток на натпреварот во категорија 100 метри:

22 LR Rifle (оптички нишан) ….. ….. 100 метри …… …… 20 истрели (20 минути)

PCP Rifle    (оптички нишан)…… ….. 100 метри …… …… 20 истрели (20 минути)

14:00 …. Доделување на награди и дипломи.

КОТИЗАЦИЈА И ПРИЈАВУВАЊЕ:

Котизацијата за учество на натпреварот изнесува 300 денари за една дисциплина. За секоја наредна дисциплина се доплаќа 300 денари.

Уплатата се врши при самото пријавување за натпреварот на ден 19.06.2022 г..

Во прилог пријава за натпреварот:

PRIJAVA-POEDINECNO PCP & 22LR

ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРОТ

22 LR Rifle (оптички нишан) … … 100 метри

Растојанието до метата е 100 метри. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и дозволено e потпирање на задниот дел од пушката (кундакот) на мека подлога. Дозволена употреба на ногарки или предна мека подлога. Пушката е со рабно палење калибар 22 ЛР. Пушката може да биде со систем за мануелно репетирање; со полуавтоматски систем на репетирање (со ограничување на капацитет од 5 куршуми). Нишанскиот систем е оптички. Се пука во една мета која што содржи дванаесет (12) помали мети (со пречник 13 cm и центар од 9 мм.) од кои што првата и втората мета се пробни, а другите десет (10) мети се за меч. Во секоја мета за меч се пука по 2 истрели – Вкупно 20 истрели. Дозволено време за проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 20 минути во кое за оценување се истрелуваат 20 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен настап. Дозволено е во оваа дисциплина со една иста пушка да се натпреваруваат два или повеќе стрелци.

22 LR Rifle (оптички нишан) … … 50 метри

Растојанието до метата е 50 метри. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и не е дозволено потпирање на задниот дел од пушката (кундакот) на мека подлога. Дозволена употреба на ногарки или предна мека подлога. Пушката е со рабно палење калибар 22 ЛР. Пушката може да биде со систем за мануелно репетирање; со полуавтоматски систем на репетирање (со ограничување на капацитет од 5 куршуми). Нишанскиот систем е оптички. Се пука во една мета која што содржи дванаесет (12) помали мети (со пречник 13 cm и центар од 9 мм.) од кои што првата и втората мета се пробни, а другите десет (10) мети се за меч. Во секоја мета за меч се пука по 2 истрели – Вкупно 20 истрели. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 20 минути во кое за оценување се истрелуваат 20 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен настап. Дозволено е во оваа дисциплина со една иста пушка да се натпреваруваат два или повеќе стрелци.

PCP Rifle (оптички нишан) … … 100 метри

Растојанието до метата е 100 метри. Се гаѓа од рамо и дозволено e потпирање на задниот дел од пушката (кундакот) на мека подлога. Дозволена употреба на ногарки или предна мека подлога. Нишанскиот систем е оптички. Се пука во една мета која што содржи дванаесет (12) помали мети (со пречник 13 cm и центар од 9 мм.) од кои што првата и втората мета се пробни, а другите десет (10) мети се за меч. Во секоја мета за меч се пука по 2 истрели – Вкупно 20 истрели. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 20 минути во кое за оценување се истрелуваат 20 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен настап. Дозволени калибари за учество во оваа дисциплина се 4.50 мм /.17, 5.50 мм / .22 и 6.35 мм / .25. Дозволено е во оваа дисциплина со една иста пушка да се натпреваруваат два или повеќе стрелци.

PCP Rifle (оптички нишан) … … 50 метри

Растојанието до метата е 50 метри. Се гаѓа од рамо и не е дозволено потпирање на задниот дел од пушката (кундакот) на мека подлога. Дозволена употреба на ногарки или предна мека подлога. Нишанскиот систем е оптички. Се пука во една мета која што содржи дванаесет (12) помали мети (со пречник 13 cm и центар од 9 мм.) од кои што првата и втората мета се пробни, а другите десет (10) мети се за меч. Во секоја мета за меч се пука по 2 истрели – Вкупно 20 истрели. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 15 минути во кое за оценување се истрелуваат 20 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен настап. Дозволени калибари за учество во оваа дисциплина се 4.50 мм /.17, 5.50 мм / .22 и 6.35 мм / .25. Дозволено е во оваа дисциплина со една иста пушка да се натпреваруваат два или повеќе стрелци.

СТРЕЛИШТЕ:

Првиот отворен Натпревар во Спортско Стрелаштво за ПЦП (воздушно) и Малокалибарско (22 LR) оружје ќе се одржи на ден 19 Јуни 2022 година на Спортското Стрелиште КАМНИК во Скопје.

За сите подетални информации можете да се обратите до Македонската Спортска Стрелачка Федерација (МССФ), преку Е-mail: mkdshooting@gmail.com или тел. 077/600-262

ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНО ОДНЕСУВАЊЕ НА СТРЕЛИШТЕ:

За сигурност на стрелците, службените лица и посетителите мора да се почитуваат наведените правила и да постои самодисциплина.

–    Должност на службените лица е да воведат дисциплина, а стрелците и посетителитe истата да ја почитуваат.

–    Во интерес на сигурностa службените лица можат и имаат право да го сопрат гаѓањето во секое време.

–    Обврска на стрелците е да ја пријават на службените лица секоја ситуација која може да биде опасна и која може да предизвика било каква штета.

–    Службените лица во секое време имаат право да го допираат оружјето-опремата без дозвола на стрелците но во нивно присуство, доколку сметаат дека постои потенцијална опасност од опасна ситуација или причинување на штета.

–     Во интерес на сигурноста со сите оружја мора да се ракува со максимална внимателност.

–    Оружјето не смее да се пренесува или изнесува надвор од линијата за стрелање без команда од линиски судија и без сигурносно знаменце кое е видливо дека излегува од двете страни на цевката од пушката или пиштолот со отворен затворач. За непочитување на ова правило ќе следува дисквалификација на натпреварувачот од страна на судијата без опоменување!

–      Оружјето кога нема да се наоѓа на линијата на гаѓање мора да биде во кутија, футрола, ранец или торба.

–      За време траење на натпреварот оружјето секогаш треба да биде насочено во сигурен правец.

–      Оружјето смее да се полни и репетира само на линијата за гаѓање и тоа исклучиво по команда на линиски судија.

–       Со оружјето може да се пука само на линијата на гаѓање само по команда на линиски судија.

–   Ако стрелецот испука метак пред издадена команда од линиски судија истиот ќе биде дисквалификуван.

–       Пред стрелецот да ја напушти линијата за гаѓање мора да се осигура дека оружјето е празно, затварачот е отворен и шаржерот изваден. Обврска на службените лица е истото да го проверат.

–       Пробни истрели и вежби за нишанење се дозволени само на линијата за гаѓање исклучиво со команда на линиски судија. Истото правило важи и доколку било кое службено лице се наоѓа на или пред линијата за гаѓање.

–       Се препорачува на сите стрелци и посетители да носат заштита за уши (антифони или чепови)

–    Се препорачува на сите стрелци и посетители да носат заштита за очи (стрелачки очила отпорни на распрскувачки објекти)

–   Македонската Спортска Стрелачка Федерација нема да сноси никакви одговорности за постапките на лицата кои нема да ги почитуваат погоре наведените правила за безбедно ракување со оружје. Доколку лицата не постапуваат по погоре наведените правила за безбедно ракување со оружје или предизвикаат штета по нивна вина последиците ќе ги сноси лицето кое ракува со оружјето.

Доколку не се почитуваат горенаведените правила за безбедно однесување на стрелиштето за време на Првиот отворен Натпревар во Спортско Стрелаштво за ПЦП (воздушно) и Малокалибарско (22 LR) оружје, службените лица имаат право да го дисквалификуваат натпреварувачот и истиот да биде отстранет од спортското стрелиште КАМНИК.

Со Почит;

Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Претседател Јордан Тасевски