Почитувани;

Во период од 04-05 Декември 2021 година се одржа 45-то по ред меѓународно првенство со воздушно оружје 10 метри “MLADOST TROPHY 2021” во Загреб, Хрватска. На ова првенство учествуваа неколку Македонски спортски стрелци кои имаа по еден настап.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 настапи: Анастасија Мојсовска која со испукани 619 кругови која потврди дека резултатот е стабилен и оди во нагорна линија.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 настапи Мартин Ангелески со резултат 613.7 кругови.

Во дисциплината Air Pistol Men 60 настапи Борјан Бранковски со резултат од 553 кругови.

Во дисциплината Air Pistol Women 60 настапи Дијана Георгиевска со резултат од 533 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 во квалификациониот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: DENES Eszter-HUN 630.1, ARSOVIC Andrea-SRB 628.4; DVORSAK Ziva-SLO -627.6;. Но, сепак во финалната борба во оваа дисциплина златниот медал го освои повторно DENES Eszter-HUN со резултат од 252 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 во квалификацискиот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: MARICIC Miran-CRO 631.4; TOMASEVIC Darko-CRO 627,9; KOVACEVIC Lazar-SRB 627,3, но во финалето сепак златниот медал го освои 1-во пласираниот MARICIC Miran-CRO со резултат од 249,6 кругови.

Во дисциплината Air Pistol Men 60 во квалификацискиот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: MIKEC Damir-SRB 574; POSAVEC Zeljko-CRO 573; PETROV Dusko-SRB 571, но во финалето сепак златниот медал го освои 1-во пласираниот MIKEC Damir-SRB со резултат од 247,2 кругови.

Во дисциплината Air Pistol Women 60 во квалификацискиот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: ARUNOVIC Zorana-SRB 584; SIKE Renata-HUN 568; PREZELJ Anja-SLO 567, но во финалето сепак златниот медал го освои 1-во пласираниот ARUNOVIC Zorana-SRB со резултат од 247 кругови.