Македонската Спортска Стрелачка Федерација ги известува своите активни членови, ловци, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво, дека Меѓународниот турнир Гранд При Скопје 2020 кој требаше по 14-ти пат да се одржи на ден 16-17.05.2020 г. на стрелиштето Камник во Скопје се одложува за крајот на летото поради вонредната состојба настаната од вирусот COVID-19.
По одредување на точниот термин дополнително сите заинтересирани лица ќе бидат известени.