МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Меѓународниот Гран При турнир СКОПЈЕ 2016 се одржа по 10-ти пат

Во Скопје на 14 и 15 мај по 10-ти јубилеен пат се одржа Меѓународниот турнир во стрелаштво Гран При СКОПЈЕ 2016. Во дисциплината Target Rifle 100+300 метри во поединечна конкуренција златниот медал го освои Марко Стерле од Словенија со резултат од 394 кругови, сребрениот медал го освои Милош Вукоје од Босна и Херцеговина со резултат од 390 кругови, додека бронзата му припадна на Клемент Пинтар од Словенија со резултат од 386 кругови.  Во дисциплината Target Rifle 100+300 метри во екипна конкуренција златниот медал го освои екипата Монтенегро (Јовичевиќ-Вукчевиќ-Радуновиќ-Кажанегра) од Црна Гора со резултат од 1137 кругови, сребрениот медал го освои екипата Херцеговац (М.Вукоје-Г.Вукоје-М.Капор) од Босна и Херцеговина со резултат од 1125  кругови, додека бронзата му припадна на екипата Словенија 1 (Стерле-Пинтар-Циглер) од Словенија со резултат од 1116 кругови.

 

Во дисциплината Open Rifle 100+300 метри во поединечна конкуренција златниот медал го освои Клемен Пинтар од Словенија со резултат од 396 кругови, сребрениот медал го освои Горан Вукоје од Босна и Херцеговина со резултат од 387 кругови, додека бронзата му припадна на Марко Стерле од Словенија со резултат од 386 кругови.  Во дисциплината Open Rifle 100+300 метри во екипна конкуренција златниот медал го освои екипата Словенија 1 (Стерле-Пинтар-Циглер) од Словенија со резултат од 1153 кругови, сребрениот медал го освои екипата Монтенегро (Јовичевиќ-Вукчевиќ-Радуновиќ-Кажанегра)) од Црна Гора со резултат од 1142  кругови, додека бронзениот медал го освои екипата Херцеговац (М.Вукоје-Г.Вукоје-М.Капор) од Босна и Херцеговина со резултат од 1134  кругови.

Во дисциплината Снајперска тактичка полуавтоматска пушка 100 метри во поединечна конкуренција златниот медал го освои Митко Груевски од Македонија со резултат од 98 кругови, сребрениот медал го освои Драган Јовановски од Македонија со резултат од 97 кругови, додека бронзата му припадна на Перо Ѓорѓевски од Македонија со резултат од 95 кругови.  Во дисциплината Снајперска тактичка полуавтоматска пушка 100 метри во екипна конкуренција златниот медал го освои екипата МВР-ПЕП 1 (Николовски-Груевски-Шакировски) од Македонија со резултат од 285 кругови, сребрениот медал го освои екипата МВР-ПЕП 2 (Ѓорѓевски-Секуловски-Балоски) од Македонија со резултат од 279  кругови, додека бронзата и припадна на екипата ГШ на АРМ (Симоски-Цикарски-Симоновски) од Македонија со резултат од 259 кругови. 

Во дисциплината Пушка 100 метри во поединечна конкуренција златниот медал го освои Томислав Гончев од Македонија со резултат од 93 кругови, сребрениот медал го освои Јовица Гелевски од Македонија со резултат од 91 кругови, додека бронзата му припадна на Џеваир Шакировски од Македонија со резултат од 88 кругови (3х10).  Во дисциплината Пушка 100 метри во екипна конкуренција златниот медал го освои екипата ЕБР (Бојков-Гелевски-Богоевски) од Македонија со резултат од 261 кругови, сребрениот медал го освои екипата МВР-ПЕП (Балоски-Шекировски-Јефтимов) од Македонија со резултат од 251  кругови, додека бронзата и припадна на екипата ВП 8043 Скопје(Гончев-Стојковски-Стојановски) од Македонија со резултат од 243 кругови.

Во дисциплината Снајперска ловечка пушка 100 метри во поединечна конкуренција златниот медал го освои Јуриј Циглер од Словенија со резултат од 99 кругови (9х10), сребрениот медал го освои Драган Прокоповски од Македонија со резултат од 99 кругови (8х10), додека бронзата му припадна на Марко Стерле од Словенија  со резултат од 99 кругови (7х10).  Во дисциплината Снајперска ловечка пушка 100 метри во екипна конкуренција златниот медал го освои екипата Словенија 1 (Пинтар-Циглер-Стерле) од Словенија со резултат од 297 кругови, сребрениот медал го освои екипата Камуфлаж (Прокоповски-Илиевски-Петровски) од Македонија со резултат од 288  кругови, додека бронзата и припадна на екипата Ловиште НИЏЕ (Дамчевски-Георгиевски-Крстески) од Македонија со резултат од 286 кругови.

Во дисциплината Пиштол 25 метри- мажи во поединечна конкуренција златниот медал го освои Сашо Тодоров од Македонија со резултат од 94 кругови, сребрениот медал го освои Благоја Крстески од Македонија со резултат од 93 кругови, додека бронзата му припадна на Драган Блажевски од Македонија  со резултат од 92 кругови.  Во дисциплината Пиштол 25 метри во екипна конкуренција златниот медал го освои екипата Микеи Македонија (Прокоповски-Јовановски-Тодоров) од Македонија со резултат од 265 кругови, сребрениот медал го освои екипата Камуфлаж (Нагел-Илиевски-Петровски) од Македонија со резултат од 261  кругови, додека бронзата и припадна на екипата МВР-ПЕП (Блажевски-Стоимановски-Стојевски) од Македонија со резултат од 254 кругови.

 

Во дисциплината Пиштол 25 метри-жени во поединечна конкуренција златниот медал го освои Натка Лазеревска од Македонија со резултат од 75 кругови, сребрениот медал го освои Ирена Лековска од Македонија со резултат од 73 кругови, додека бронзата и припадна на Александра Пачемски од Македонија  со резултат од 67 кругови.  Во дисциплината Пиштол 25 метри-жени во екипна конкуренција златниот медал го освои екипата Стрелец  (Тасевска-Лазарева-Марковска) од Македонија со резултат од 204 кругови, сребрениот медал го освои екипата ГШ на АРМ  (Петрушевска Михајловска- Пачемски-Доневска) од Македонија со резултат од 189  кругови, додека бронзата и припадна на екипата ПСО ВП 8043 (Пешова-Лековска-Мицковска) од Македонија со резултат од 152 кругови.

 

 

Во Битола одржан Третиот куп од национална програма на МССФ

Во Битола на 08.05.2016 година се одржа Третиот куп од национална програма на МССФ во воздушна пушка. Во дисциплината воздушна пушка пионерки првото место го освои Сара Томевска од СК Стрелец  со резултат од  177 кругови, втора беше Ирина Јовановска од СК Стрелец 09 со резултат 170 кругови, а трета беше Менча Стојановска СК Кавадарци со резултат 157  кругови. Во дисциплината воздушна пушка пионери првото место го освои Бојан Симичиев од СК Стрелец  со резултат од 175 кругови, втор беше Никола Петров од СК Кавадарци со резултат 161, а трет беше Ќире Богев од СК Кавадарци со резултат 160 кругови. 

 

Вториот МССФ куп од меѓународна програма одржан во Скопје

Во Скопје  на 09.04.2016 година се одржа Вториот  МССФ куп од меѓународна програма во воздушно оружје. Натпреварувачите се натпреваруваа во дисциплините воздушна пушка и воздушен пиштол во машка и женска конкуренција.Во дисциплината воздушна пушка жени првото место го освои Ана Ивановска од СК РЕК Битола  со резултат од 407,5  кругови, втора беше Мартина Петровска од СК Охрид со резултат 393,3 кругови , а трета беше Антонија Тасевска од СК Стрелец со резултат 393 кругови. Во дисциплината воздушна пушка мажи првото место го освои Мартин Ивановски од СК РЕК Битола  со резултат од 581,5 кругови, втор беше Стефан Ѓоргиевски од СК РЕК Битола со резултат 581.3 , а трет беше Леон Јаневски од СК Стрелец со резултат 577,2  кругови. Во дисциплината воздушен пиштол жени првото место го освои Лидија Крстеска од СК Стрелец со резултат од  354 кругови, втора беше Вероника Велковска од СК Стрелец со резултат 342 кругови. Во дисциплината воздушен пиштол мажи првото место го освои Јордан Тасевски од СК Стрелец  со резултат од 567 кругови, втор беше Борјан Бранковски од СК Стрелец со резултат 564 кругови, а трет беше Томе Несторовски од СК Стрелец  со резултат  533 кругови.

 

Одржан Вториот куп од национална програма на МССФ

Во Скопје на 02.04.2016 година се одржа Вториот куп од национална програма во воздушна пушка. Во дисциплината воздушна пушка пионерки првото место го освои Сара Томевска (СК Стрелец) со резултат од 177 кругови, втора беше Анастасија Мојсовска (СК Охрид) со резултат 166 кругови, а трета беше Ирина Јовановска (СК СТРЕЛЕЦ 09) со резултат 162 кругови. Во дисциплината воздушна пушка пионери првото место го освои Бојан Симичиев (СК Стрелец)  со резултат од  181 кругови, втор беше Ќире Богев (СК Кавадарци) со резултат 166 кругови , а трет беше Лазар Лазаревски (СК Стрелец 09) со резултат 161  кругови.

 

Страница 3 од 7

Линкови

Go to top