МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Учество на Нина Балабан на Светскиот куп Баку 2016 во Азербејџан

Во Азербејџанод19до 26  мај 2016 г. се одржа  ИССФ Светскиот куп Баку 2016. На светскиот куп во Баку во дисциплината AR 40 се натпреваруваше и нашита спортистка Нина Балабан која се пласираше на 53 место со резултат 409,6 кругови од 66 натпреварувачки во оваа дисциплина.

Златниот медал на светскиот куп во BAKU 2016 во дисциплината АR 40  го освои  Du Bei (CHN) со резултат за влез во финалето од 417,5 кругови и резултат од финалето 208,6 кругови. Сребрениот медал го освои Shi Mengyao (CHN) со резултат 417,1 кругови (финале 208,3 кругови), додека бронзата и припадна на  Park Hel Mi (KOR) со резултат 416,4 кругови  (финале 185,1 кругови)

 

Одржано државното првенство на МССФ во национална програма за 2016 г.

Во Скопје на 04.06.2016 година се одржа Државно првенство на МССФ од национална програма во воздушна пушка. Во дисциплината воздушна пушка пионерки првото место го освои Сара Томевска од СК Стрелец со резултат од 174 кругови, втора беше Анастасија Мојсовска од СК Охрид со резултат од 171 кругови, а трета беше Ирина Јованоска од СК Стрелец 09 со резултат од 169 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка пионерки-екипно првото место го освои екипата на СК Охрид  со резултат од 473 кругови, втора беше екипата на СК Кавадарци со резултат 458 кругови, а трета беше екипата на СК Стрелец со резултат од 439 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка пионери првото место го освои Ненад Антиќ СК Велес со резултат од 167 кругови, втор беше Ќире Богев СК Кавадарци со резултат 164 кругови, а трет беше Лазар Лазаревски СК Стрелец 09  со резултат од 162кругови.

Во дисциплината воздушна пушка пионери-екипно првото место го освои екипата на СК Кавадарци со резултат од 469 кругови, втора беше екипата на СК Стрелец 09 со резултат од 461, а трета беше екипата на СК Стрелец со резултат од 458 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка младинки  првото место го освои Емилија Трајковска од СК Јане Сандански со резултат од 332 кругови, втора беше Викторија Тренчевска од СК Стрелец 09 со резултат 318 кругови, а трета беше Елена Станчева СК Стрелец со резултат 273  кругови.

Во дисциплината воздушна пушка младинци првото место го освои Бојан Симичиев од СК Стрелец со резултат од 329 кругови, втор беше Антонио Николовски СК Стрелец 09 со резултат 322 кругови, а трет беше Емануел Секуловски СК Стрелец 09 со резултат314  кругови.

Во дисциплината воздушна пушка сениорки  Елена Кироска СК Стрелец оствари резултатод  318 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка сениори  првото место го освои Јовица Гелевски СК Стрелец со резултат од 345 кругови, втор беше Томе Ристевски ЖСК Лихнидос со резултат 337, а трет беше Димитар Димковски СК Куманово 2000 со резултат 333 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка сениори-екипно првото место го освои екипата на ЖСК Лихнидос со резултат од 981 кругови, втора беше екипата СК Куманово 2000 со резултат од 975 кругови, а трета беше екипата на СК Стрелец со резултат од 971 кругови.

 

Државното првенство на МССФ за 2016 г. во меѓ. програма се одржа во Битола

Во Битола  на 29.05.2016 година се одржа  МССФ државно првенство од меѓународна програма во воздушно оружје. Натпреварувачите се натпреваруваа во дисциплините воздушна пушка и воздушен пиштол во јуниорска и сениорска машка и женска конкуренција.

Во дисциплината воздушна пушка жени-јуниорки првото место го освои  со резултат од Ана Ивановска  РЕК Битола  со резултат 409,2 кругови, втора беше Мартина Петровска СК Охрид  со резултат 401,5 кругови  со, а трета беше  Јана Марковска СК Охрид со резултат 384,1  кругови.

Во дисциплината воздушна пушка жени-сениорки  првото место го освои Нина Балабан СК Стрелец со резултат од 404 кругови, втора беше Антонија Тасевска СК Стрелец  со резултат од 390,3 кругови .

Во дисциплината воздушна пушка мажи-јуниори  првото место го освои Стефан Ѓоргиевски СК РЕК Битола  со резултат од 592,9 кругови, втор беше Леон Јаневски СК Стрелец со резултат 565,9 кругови, а трет беше Васко Попоски СК Охрид со резултат 548,1 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка мажи-сениори првото место го освои Михаил Шишкоски СК Охрид  со резултат од  595,7 кругови, втор беше Мартин Ивановски од СК РЕК Битола со резултат од 579,9 кругови со, а трет беше Драгослав Кудрановиќ СК Стрелец со резултат 573,3  кругови.

Во дисциплината воздушен пиштол жени-сениорки првото место го освои Оливера Наковска Бикова од СК Работнички  со резултат од 371 кругови, втора беше Натка Л. Симовска СК Работнички со резултат 354 кругови, а трета беше Лидија Крстеска СК Стрелец со резултат 350  кругови.

Во дисциплината воздушен пиштол мажи-сениори  првото место го освои Јордан Тасевски СК Стрелец со резултат од 555 кругови, втор беше Ванчо Каранфилов СК Стрелец со резултат 549 кругови , а трет беше Блаже Тофиловски од СК Работнички со резултат од  546 кругови.

Во дисциплината воздушен пиштол мажи - јуниори  Борјан Бранковски од СК Стрелец оствари резултат од 555 кругови.

 

Ивановска и Балабан учествуваа на Светскиот куп во Минхен 2016

Во Минхен од 19 до 26 мај 2016 г. се одржа ИССФ Светскиот куп МИНХЕН 2016. На Светскиот куп во дисциплината AR 40 се натпреваруваа и нашите спортисти: Нина Балабан и Ана Ивановска. Нина Балабан се пласира на 78 место со резултат 411,4 кругови, додека Ана Ивановска се пласира на 107 место со резултат 406,5 кругови од вкупно 137 натпреварувачки во оваа дисциплина.

Победник на Светскиот куп во Минхен 2016  во дисциплината АR 40 е Andrea Arsovic (SRB)  со резултат за влез во финалето од 419,3 кругови и резултат од финалето 208,5 кругови. Сребрениот медал го освои Gorettti Alejandra Zumaxa Flores (ARG) со резултат 419,1 кругови (финале 207,9 кругови), додека бронзата и припадна на  Mengyao Shi (CHN) со резултат 418,7кругови  (финале 186,7 кругови)

 

 

Страница 2 од 7

Линкови

Go to top