МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Македонија оствари MQS норма за учество на Младински Олимписки Игри Ninjing 2014

На Европското првенство во стрелаштво што се одржа во Москва од 26 февруари до 6 март 2014 година, настапија јуниорките и државни репрезентативци на Република Македонија во спортско стрелаштво: Ана Ивановска како дебитант и Нина Балабан како веќе искусен стрелец бидејки ова е нејзино трето по ред учество на Европско првенство.

             Јуниорката Ана Ивановска дебитираше на ЕП Москва 2014 на натпреварот за јуниорки -младинки до 18  години во дисциплината 10 метри воздушна пушка (натпревар за квалификации за учество на Младински Олимписки Игри NINJING 2014) што се одржа на 01.03.2014 и постигна одличен резултат 387,2 кругови што е за 2,2 кругови повисок MQS резултатот за учество на Младинските Олимписки Игри Ninjing 2014, а кој за младинките изнесува385 кругови. После три дена Ана Ивановска повторно се натпреваруваше и во натпреварот за јуниорки до 21 година  во дисциплината - 10 метри воздушна пушка, што се одржа на 03.03.2014 постигна уште повисок резултат од 394,9 кругови, што е за 9,9 кругови повисок од MQS резултатот за YOG Ninjing 2014. Со тоа што Ана Ивановска оствари резултат на официјален натпревар од 394, 9 кругови кој што е над MQS-минималната олимписката норма  за YOG, Македонија се стекна со можност да учествува со спортски стрелец на Младинските Олимписки Игри Ninjing 201420 младинки на планетата, во дисциплината младинки-воздушна пушка 10 метри. Ова е многу голем успех и за младата Ивановска која дебитираше на Европското првенство, но и воопшто за македонскиот спорт. Успехот е дотолку поголем поради тоа што во категоријата младинки на YOG Ninjing 2014. ќе се натпреваруваат само најдобрите 20 младинки на планетата во дисциплината воздушна пушка 10 метри.

             Јуниорката Нина Балабан на ЕП Москва 2014, на натпреварот за јуниорки 10 метри воздушна пушка којшто се одржа на 03.03.2014 постигна извонреден резултат 408,8 кругови. Третото учество на Европските првенство на јуниорката Нина Балабан покажа и докажа дека истата подолго време е во константно висока спортска форма и дека постојано ги подобрува сите свои спортски елементи. Нејзините спортски квалитети се потенцијал и надеж дека многу скоро на натпревари од најголем ранг, можеме да очекуваме дека ќе обезбедува пласман во финалето, каде ќе има можност да се бори и за еден од медалите.

            Посебно би сакале да нагласиме дека и Ана Ивановска и Нина Балабан и покрај тоа што се  јуниорки на ова Европско првенство остварија извонредни спортски резултати кои се  повисоки од нормите потребни за учество на Олимписките игри РИО 2016 (нормата за учество на РИО 2016 во дисциплината воздушна пушка 10 метри жени сениорки е 392 кругови, но истата започнува да важи од Светското првенство во стрелаштво 2014 кое ќе се одржи после Младинските Олимписки Игри Ninjing 2014 )

Страница 7 од 7

Линкови

Go to top