МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

МОИ Нанџинг 2014: Ана Ивановска 17-та во поединечна конкуренција , 18-та во микс

Одличен настап на младинката Ана Ивановска во дисциплината АR 40 на Младинските Олимписки Игри Нанџинг 2014 во Кина. Во поединечна конкуренција се пласира на 17-то место со резултат од 400,9 кругови од вкупно 20 натпреварувачки. Според новините кои се воведоа во Нанџинг 2014, беа формирани и мешани тимови и Ана настапи со стрелец од Узбекистан Вадим Скороваров и во микс го освоија 18-тото место.

Меѓународната спортска кариера на Ана Ивановска започна на почетокот на годината при што истата ја искористи на најдобар можен начин пружената можност за учество на Европското првенство во Москва 2014 со постигнувањето на MQS резултат кој и овозможи учество на Младинските Олимписки Игри Нанџинг 2014 во Кина. На сите досегашни овогодишни меѓународни натпревари на кои учествуваше Ана Ивановска (Москва 2014, Марибор 2014, Минхен 2014, Нанџинг 2014) постигнува континуирани и стабилни резултати кои се повисоки од MQS нормата за учество на ЛОИ РИО 2016 година. Со право веруваме и очекуваме дека на претстојното Светско првенство во Гренада Нина Балабан и Ана Ивановска ќе постигнат MQS –резултат за ЛОИ РИО 2016.

Нина Балабан – избрана за млад амбасадор на Интернационалниот Олимписки Комитет

Јуниорката Нина Балабан спортки стрелец член на државната репрезентција е избрана од страна на Интернационалниот Олимписки Комитет за млад амбасадор на спортот. Ова големо признание и чест за младата талентерина спортистка Н. Балабан е признание за нејзината досегашна макотрпна работа и постигнатите резултати во стрелаштвото во своите најмлади години, нo сите ние допрва очекуваме јуниорката Нина во иднина уште подобро на светската јавност да и го претстави својот потенцијал за постигнување на највисоки спортски резултати во олимпиското стрелаштво.

Изборот на Нина Балабан за млад амбасадор на спортот на ИОК е успех и за Македонската Спортска Стрелачка Федерација и македонското спортско стрелаштво воопшто  и е инспирација и поттик за младите спортисти да преку макотрпна работа, упорност и истрајност, постигнат највисоки спортски резултати. Нина Балабан има задача да го популаризира спортот и олимпизмот за време на Младинските Олимписки Игри и во функција на млад амбасадор на ИОК ќе ја посети Кина за време на Младинските Олимписки Игри, каде веруваме дека меѓу другото достојно ќе го претстави и афирмира македонскиот спорт, но и ќе ја бодри и навива за младинката Ана Ивановска при нејзиниот настап на младинските Олимписки Игри во дисциплината АR 40.

Ана Ивановска настапи на светските ИССФ купови Марибор 2014 и Минхен 2014

Јуниорката Ана Ивановска настапи на Светските ИССФ купови во Марибор2014  и Минхен 2014 и го подобри својот резултат од ЕП Москва 2014 (394,9 кругови) каде постигна резултат кој и овозможи учество на Младинските Олимписки во Игри Нанџинг 2014.

Младата и извонредно талентирана Ана Ивановска  на Светскиот Куп во Марибор постигна резултат од 399,1 кругови кој е за 4,2 кругови повисок од резултатот кој го постигна на ЕП во Москва. На Светскиот куп Минхен 2014 Ана постигна уште подобар резултат од  403,4 кругови, кој е дури за 8,5 кругови повисок од резултатот постигнат на ЕП во Москва оваа година. Нагорната линија на спортската форма на Ана е очигледна и сите ние очекуваме на Младинските Олимписки Игри Нанџинг 2014 во Кина, достојно да ја презентира Република Македонија и македонското спортско стрелаштво. Успехот на Ана е дотолку поголем и позначаен што успеа да избори учество на Младинските Олимписки Игри Нанџинг 2014 во дисциплината АR 40, во која дисциплина ќе настапат само 20 најдобри младинки од целиот свет.

Страница 6 од 7

Линкови

Go to top