МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

На стрелиштето Камник во Скопје одржано Државното првенство во војничка пушка

На 2 Октомври во Скопје на стрелиштето Камник се одржа Државното првенство во војничка пушка во калибар 7,9 мм и 7,62 мм ПАП.

Во дисциплината војничка  пушка калибар 7, 9 мм првото место го освои Јовица Гелевски од СК Стрелец  со резултат од 185 кругови, втор беше Драгослав Кудрановиќ од СК Стрелец со резултат 163 кругови, а трет беше Благој Рунчев од СК Штип со резултат од 153 кругови.

Во дисциплината војничка  пушка калибар 7,9 мм – екипно, првото место го освои екипата на СК   Стрелец со резултат од 495 кругови, втора беше екипата на СК Штип  со резултат од 405, а трета беше екипата на СК РЕК Битола со резултат од 329 кругови.

Во дисциплината војничка  пушка калибар 7,62 мм ПАП, првото место го освои Марјан Ивановски од СК Штип со резултат од 159 кругови, втор беше Јордан Тасевски од СК Стрелец со резултат 155  кругови, а трет беше Драгослав Кудрановиќ од СК Стрелец со резултат од 145 кругови.

Во дисциплината војничка  пушка калибар 7 62 мм ПАП првото место го освои екипата на СК Стрелец со резултат од 423 кругови, втора беше екипата на СК Штип  со резултат од 374 кругови, а трета беше екипата на СК РЕК Битола со резултат од 458 кругови. 

Линкови

Go to top