МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Македонски спортски стрелец учествуваше на Олимписките игри РИО 2016

Од 5 до 21 Август 2016 г. во Бразил се одржаа 31-те  Олимписки Игри РИО де Женеиро 2016. За  овие Олимписко игри по админстративна постапка беше обезбедено учество за еден спортски стрелец од Република Македонија  во  дисциплината AR 40. Спортскиот стрелец Нина Балабан која зема учество во оваа дисциплина, оствари резултат од 407,7 кругови и се пласира на 42 место.

Златниот олимписки медал во оваа дисциплина го освои 19 годишната Virginia Thrasher (USA) со резултат  од 416,3 кругови со кој оствари влез во финалето и резултат во финалето од 208,8 кругови. Младата  Virginia Thrasher со само една година меѓународно спортско искуство и претходно учество на само три светски купа  во организација на ISSF (Светскиот куп  Габала 2015, Светскиот куп Рио де Женеиро 2016 и Светскиот куп Минхен 2016) го освои на Олимписките игри првото место во својата дисциплина и со тоа го оствари највредниот планетарен спортски успех. Сребрениот медал го освои Li Du (CHN) со резултат 420,7 кругови за влез во финале  и резултат во финале од 207 кругови.  Бронзениот медал  го освои Siling Yi (CHN) со резултат 415,9  круговиза влез во финале  и резултат во финале од 185,4 кругови.

Во истата оваа дисциплина забележителен успех  во ОИ РИО 2016 постигна и младата Fernanda Russo (ARG) која со само 16 години возраст оствари пласман на 20 место сопостигнат резултат од 414,4 кругови.

 

Линкови

Go to top