МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Одржано државното првенство на МССФ во национална програма за 2016 г.

Во Скопје на 04.06.2016 година се одржа Државно првенство на МССФ од национална програма во воздушна пушка. Во дисциплината воздушна пушка пионерки првото место го освои Сара Томевска од СК Стрелец со резултат од 174 кругови, втора беше Анастасија Мојсовска од СК Охрид со резултат од 171 кругови, а трета беше Ирина Јованоска од СК Стрелец 09 со резултат од 169 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка пионерки-екипно првото место го освои екипата на СК Охрид  со резултат од 473 кругови, втора беше екипата на СК Кавадарци со резултат 458 кругови, а трета беше екипата на СК Стрелец со резултат од 439 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка пионери првото место го освои Ненад Антиќ СК Велес со резултат од 167 кругови, втор беше Ќире Богев СК Кавадарци со резултат 164 кругови, а трет беше Лазар Лазаревски СК Стрелец 09  со резултат од 162кругови.

Во дисциплината воздушна пушка пионери-екипно првото место го освои екипата на СК Кавадарци со резултат од 469 кругови, втора беше екипата на СК Стрелец 09 со резултат од 461, а трета беше екипата на СК Стрелец со резултат од 458 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка младинки  првото место го освои Емилија Трајковска од СК Јане Сандански со резултат од 332 кругови, втора беше Викторија Тренчевска од СК Стрелец 09 со резултат 318 кругови, а трета беше Елена Станчева СК Стрелец со резултат 273  кругови.

Во дисциплината воздушна пушка младинци првото место го освои Бојан Симичиев од СК Стрелец со резултат од 329 кругови, втор беше Антонио Николовски СК Стрелец 09 со резултат 322 кругови, а трет беше Емануел Секуловски СК Стрелец 09 со резултат314  кругови.

Во дисциплината воздушна пушка сениорки  Елена Кироска СК Стрелец оствари резултатод  318 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка сениори  првото место го освои Јовица Гелевски СК Стрелец со резултат од 345 кругови, втор беше Томе Ристевски ЖСК Лихнидос со резултат 337, а трет беше Димитар Димковски СК Куманово 2000 со резултат 333 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка сениори-екипно првото место го освои екипата на ЖСК Лихнидос со резултат од 981 кругови, втора беше екипата СК Куманово 2000 со резултат од 975 кругови, а трета беше екипата на СК Стрелец со резултат од 971 кругови.

 

Линкови

Go to top