МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Државното првенство на МССФ за 2016 г. во меѓ. програма се одржа во Битола

Во Битола  на 29.05.2016 година се одржа  МССФ државно првенство од меѓународна програма во воздушно оружје. Натпреварувачите се натпреваруваа во дисциплините воздушна пушка и воздушен пиштол во јуниорска и сениорска машка и женска конкуренција.

Во дисциплината воздушна пушка жени-јуниорки првото место го освои  со резултат од Ана Ивановска  РЕК Битола  со резултат 409,2 кругови, втора беше Мартина Петровска СК Охрид  со резултат 401,5 кругови  со, а трета беше  Јана Марковска СК Охрид со резултат 384,1  кругови.

Во дисциплината воздушна пушка жени-сениорки  првото место го освои Нина Балабан СК Стрелец со резултат од 404 кругови, втора беше Антонија Тасевска СК Стрелец  со резултат од 390,3 кругови .

Во дисциплината воздушна пушка мажи-јуниори  првото место го освои Стефан Ѓоргиевски СК РЕК Битола  со резултат од 592,9 кругови, втор беше Леон Јаневски СК Стрелец со резултат 565,9 кругови, а трет беше Васко Попоски СК Охрид со резултат 548,1 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка мажи-сениори првото место го освои Михаил Шишкоски СК Охрид  со резултат од  595,7 кругови, втор беше Мартин Ивановски од СК РЕК Битола со резултат од 579,9 кругови со, а трет беше Драгослав Кудрановиќ СК Стрелец со резултат 573,3  кругови.

Во дисциплината воздушен пиштол жени-сениорки првото место го освои Оливера Наковска Бикова од СК Работнички  со резултат од 371 кругови, втора беше Натка Л. Симовска СК Работнички со резултат 354 кругови, а трета беше Лидија Крстеска СК Стрелец со резултат 350  кругови.

Во дисциплината воздушен пиштол мажи-сениори  првото место го освои Јордан Тасевски СК Стрелец со резултат од 555 кругови, втор беше Ванчо Каранфилов СК Стрелец со резултат 549 кругови , а трет беше Блаже Тофиловски од СК Работнички со резултат од  546 кругови.

Во дисциплината воздушен пиштол мажи - јуниори  Борјан Бранковски од СК Стрелец оствари резултат од 555 кругови.

 

Линкови

Go to top