МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Ивановска и Балабан учествуваа на Светскиот куп во Минхен 2016

Во Минхен од 19 до 26 мај 2016 г. се одржа ИССФ Светскиот куп МИНХЕН 2016. На Светскиот куп во дисциплината AR 40 се натпреваруваа и нашите спортисти: Нина Балабан и Ана Ивановска. Нина Балабан се пласира на 78 место со резултат 411,4 кругови, додека Ана Ивановска се пласира на 107 место со резултат 406,5 кругови од вкупно 137 натпреварувачки во оваа дисциплина.

Победник на Светскиот куп во Минхен 2016  во дисциплината АR 40 е Andrea Arsovic (SRB)  со резултат за влез во финалето од 419,3 кругови и резултат од финалето 208,5 кругови. Сребрениот медал го освои Gorettti Alejandra Zumaxa Flores (ARG) со резултат 419,1 кругови (финале 207,9 кругови), додека бронзата и припадна на  Mengyao Shi (CHN) со резултат 418,7кругови  (финале 186,7 кругови)

 

 

Линкови

Go to top