МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Првиот МССФ куп од меѓународна програма одржан во Штип

Во Штип на 13.03.2016 година се одржа првиот МССФ куп од меѓународна програма во воздушно оружје. Натпреварувачите се натпреваруваа во дисциплините воздушна пушка и воздушен пиштол.Во дисциплината воздушна пушка жени првото место го освои Мартина Петровска (СК Охрид) со резултат од 387 кругови, втора беше Ана Ивановска (СК РЕК Битола) со разултат 386 кругови, а трета беше Нина Балабан (СК Стрелец) со резултат 385 кругови. Во дисциплината воздушна пушка мажи првото место го освои Стефан Георѓиевски од СК РЕК Битола со резултат од 558 кругови, втор беше Мартин Ивановски од СК РЕК Битола со резултат 555 кругови, а трет беше Леон Jаневски од СК Стрелец со резултат 539 кругови.

Во дисциплината воздушен пиштол жени првото место го освои Натка Л. Симовска од СК Работнички со резултат од  347 кругови, втора беше Вероника Велковска од СК Стрелец со резултат 346 кругови , а трета беше Лидија Крстеска од СК Стрелец со резултат 342 кругови. Во дисциплината воздушен пиштол мажи првото место го освои Борјан Бранковски од СК Стрелец  со резултат од 562 кругови, втор беше Ванчо Каранфилов  од СК Стрелец со резултат 542, а трет беше Мартин Гелевски од СК Стрелец со резултат 536 кругови.

 

Линкови

Go to top