МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Одржан Првиот куп од национална програма на МССФ

Во Штип на 06.03.2016 година се одржа Првиот куп од национална програма во воздушна пушка на МССФ. Во дисциплината воздушна пушка пионерки првото место го освои Сара Томевска (СК Стрелец) со резултат од 176 кругови, втора беше Викторија Трајковска (СК Кавадарци) со резултат 149 кругови, а трета беше Менча Стојановска (СК Кавадарци) со 147 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка пионери првото место го освои Ќире Богев (СК Кавадарци) со резултат од  166 кругови, втор беше Никола Петров (СК Кавадарци) со  165 кругови, а трет беше Марко Колеќески (СК Стрелец) со 164 кругови.

 

Линкови

Go to top