МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Учество на наши спортисти на ЕП во стрелаштво на 10 метри во Гјор-Унгарија

Во градот Гјор - Унгарија од 22.02-28.02. 2016 година се одржа Европското првенство во стрелаштво на 10 метри. На ова првенство во дисциплината AR 40 учествуваа три натпреварувачки од Република Македонија: Ана Ивановска, Нина Балабан и Емилија Пејева. Ана Ивановска оствари резултат од 403,3 кругови и се пласира на 83 место, Нина Балабан оствари резултат од 397,2 и пласман на 92 место, а Емилија Пејева оствари резултат од 384,2 кругови  и се пласира на 96 место. 

Европски првак за 2016 г. во оваа дисциплина е Andrea Arsovic (SRB) со резултат за влез во финале од 416, 3 кругови и резултат во  финале од 207,7 кругови, втора беше Malin Westerheim (NOR) со резултат 417,5 кругови за влез во финале и резултат во финале  од 206,6 кругови, додека третото место го освои Petra Lusterberger (SUI) со резултат 416,5 кругови  за влез во финале и резултат во финале од 185,5 кругови.

 

Линкови

Go to top