МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

МОИ Нанџинг 2014: Ана Ивановска 17-та во поединечна конкуренција , 18-та во микс

Одличен настап на младинката Ана Ивановска во дисциплината АR 40 на Младинските Олимписки Игри Нанџинг 2014 во Кина. Во поединечна конкуренција се пласира на 17-то место со резултат од 400,9 кругови од вкупно 20 натпреварувачки. Според новините кои се воведоа во Нанџинг 2014, беа формирани и мешани тимови и Ана настапи со стрелец од Узбекистан Вадим Скороваров и во микс го освоија 18-тото место.

Меѓународната спортска кариера на Ана Ивановска започна на почетокот на годината при што истата ја искористи на најдобар можен начин пружената можност за учество на Европското првенство во Москва 2014 со постигнувањето на MQS резултат кој и овозможи учество на Младинските Олимписки Игри Нанџинг 2014 во Кина. На сите досегашни овогодишни меѓународни натпревари на кои учествуваше Ана Ивановска (Москва 2014, Марибор 2014, Минхен 2014, Нанџинг 2014) постигнува континуирани и стабилни резултати кои се повисоки од MQS нормата за учество на ЛОИ РИО 2016 година. Со право веруваме и очекуваме дека на претстојното Светско првенство во Гренада Нина Балабан и Ана Ивановска ќе постигнат MQS –резултат за ЛОИ РИО 2016.

Линкови

Go to top