МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Во Битола одржан Третиот куп од национална програма на МССФ

Во Битола на 08.05.2016 година се одржа Третиот куп од национална програма на МССФ во воздушна пушка. Во дисциплината воздушна пушка пионерки првото место го освои Сара Томевска од СК Стрелец  со резултат од  177 кругови, втора беше Ирина Јовановска од СК Стрелец 09 со резултат 170 кругови, а трета беше Менча Стојановска СК Кавадарци со резултат 157  кругови. Во дисциплината воздушна пушка пионери првото место го освои Бојан Симичиев од СК Стрелец  со резултат од 175 кругови, втор беше Никола Петров од СК Кавадарци со резултат 161, а трет беше Ќире Богев од СК Кавадарци со резултат 160 кругови. 

 

Линкови

Go to top