МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Вториот МССФ куп од меѓународна програма одржан во Скопје

Во Скопје  на 09.04.2016 година се одржа Вториот  МССФ куп од меѓународна програма во воздушно оружје. Натпреварувачите се натпреваруваа во дисциплините воздушна пушка и воздушен пиштол во машка и женска конкуренција.Во дисциплината воздушна пушка жени првото место го освои Ана Ивановска од СК РЕК Битола  со резултат од 407,5  кругови, втора беше Мартина Петровска од СК Охрид со резултат 393,3 кругови , а трета беше Антонија Тасевска од СК Стрелец со резултат 393 кругови. Во дисциплината воздушна пушка мажи првото место го освои Мартин Ивановски од СК РЕК Битола  со резултат од 581,5 кругови, втор беше Стефан Ѓоргиевски од СК РЕК Битола со резултат 581.3 , а трет беше Леон Јаневски од СК Стрелец со резултат 577,2  кругови. Во дисциплината воздушен пиштол жени првото место го освои Лидија Крстеска од СК Стрелец со резултат од  354 кругови, втора беше Вероника Велковска од СК Стрелец со резултат 342 кругови. Во дисциплината воздушен пиштол мажи првото место го освои Јордан Тасевски од СК Стрелец  со резултат од 567 кругови, втор беше Борјан Бранковски од СК Стрелец со резултат 564 кругови, а трет беше Томе Несторовски од СК Стрелец  со резултат  533 кругови.

 

Линкови

Go to top