МССФ - Македонска Спортска Стрелачка Федерација

Одржан Вториот куп од национална програма на МССФ

Во Скопје на 02.04.2016 година се одржа Вториот куп од национална програма во воздушна пушка. Во дисциплината воздушна пушка пионерки првото место го освои Сара Томевска (СК Стрелец) со резултат од 177 кругови, втора беше Анастасија Мојсовска (СК Охрид) со резултат 166 кругови, а трета беше Ирина Јовановска (СК СТРЕЛЕЦ 09) со резултат 162 кругови. Во дисциплината воздушна пушка пионери првото место го освои Бојан Симичиев (СК Стрелец)  со резултат од  181 кругови, втор беше Ќире Богев (СК Кавадарци) со резултат 166 кругови , а трет беше Лазар Лазаревски (СК Стрелец 09) со резултат 161  кругови.

 

Линкови

Go to top