Почитувани;

Во период од 08-10 Декември 2023 година се одржа 48-от по ред меѓународен натпревар “Гранд При Белград 2023” со воздушно оружје 10 метри во Р.Србија. На ова првенство учествуваа неколку Македонски спортски стрелци кои имаа по два настапи и тоа на 09.12.2023 и 10.12.2023 и тоа во дисципплината Air Rifle Women 60 настапија: Анастасија Мојсовска која со висок резултат од 622,2 кругови постигна нов државен јуниорски рекорд и се пласира на 9-та позиција, а воедно во вториот настап наредниот ден истата повторно го подобри резултатот со нов државен јуниорски рекорд и погоди 622,4 кругови.

Останатите девојки се претставија исто така во добро светло и тоа Теодора Христова погоди 610,6 кругови и 607 кругови, Ирина Јованоска со 606,4 кругови и подобрување на резултатат во вториот настап на 610,6 кругови и Марија Црвенковска 591,2 кругови и подобрување во вториот настап со 601,4 кругови.

Кај мажите првиот ден во дисциплината Air Rifle Men 60 junior настапија Мартин Ангелески кој испука резултат од 609.7 кругови односно 608,2 вториот ден, Никола Блажевски со 602,9 кругови со подобрување на резултатот со испукати 607,7 кругови во вториот настап и Никола Караѓорѓев со 588,8 и подобрување на резултатот во вториот настап на 596,7 кругови. Од сениорите во оваа дисциплина настапија Драгослав Кудрановиќ со 597,7 кругови и Бојан Симичиев со 588,1 круг.

Во дисциплината со воздушен пиштол освежување со млади стрелци јуниори на овој меѓународен натпревар кои воедно и дебитираа на еден ваков голем натпревар беа стрелците Христијан Стојанов кој погоди 549 кругови односно вториот ден го подобри својот резултат и испука високи 554 кругови. Кај девојките настапија Билјана Караѓорѓева со резултат 529 односно со подобрување во вториот ден со одличен резултат од 545 кругови и Марија Шиндева која испука 528 односно 526 кругови во вториот настап. Кај сениорите во дисциплината со воздушен пиштол мажи настапи и Јордан Тасевски кој испука резултат од 562 кругови.

Се вакви резултати кај младите категории на спортисти се повеке се оправдува стратегијата и инвестициите на долг рок на раководството од МССФ со подршка на Агенцијата за млади и спорт како успешна стратегија за подигање на Македонското стрелаштво на меѓународните натпревари. Очекувано е во наредниот период со редовен систематски тренажен систем проследен со континуирани подготовки и настапи на меѓународните натпревари се повеќе Македонските стрелци со леснотија да учествуваат во финале на меѓународните натпревари и да освојуваат медали.