Почитувани;

Во период од 12-15 јули 2023 година се одржа меѓународно првенство со воздушно и малокалибарско оружје Гранд Прих Нови Сад 2023 во Р.Србија. На ова првенство учествуваа повеќе Македонски репрезентативци кои имаа одличен настап во дисциплините Air Rifle Women 60, Air Rifle Men 60, Air Pistol Men 60 и Air Rifle Mixed Team.

Во дисциплината со воздушен пиштол мажи учествуваше Борјан Бранковски кој со резултат од 562 кругови се пласира на 13-то место додека во истата дисциплина во категорија јуниори за прв пат на еден меѓународен натпревар дебитираше Христијан Стојанов од Велес кој предводен од својот тренер Јован Андовски испука солиден резултат од 544 кругови и се пласира на 9-то место. За влез во финале во дисциплината со воздушен пиштол мажи 60 потребни беа 567 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка жени 60 настапија: Анастасија Мојсовска со погодени 619,7 кругови која се пласира на 9-та позиција, Христова Теодора со 598,4 кругови на 27-та позиција и Марија Црвенковска со 589 кругови на 32-та позиција.

Во дисциплината воздушна пушка мажи 60 настапија Мартин Ангелески кој со резултат од 615.4 кругови се пласира на 10-та позиција додека во категорија јуниори истиот го освои 3-то место. Од останатите стрелци Драгослав Кудрановиќ во сениори со резултат од 601, 9 кругови се пласира на 20-то место, додека кај јуниорите Бојан Спасеноски со 602,8 кругови се пласира на 8-та позиција, Никола Блажевски со резултат од 596,7 кругови на 9-то место и Кристијан Балоски со 592,7 кругови на 11-то место.

Во дисциплината микс тим со воздушна пушка настапија стрелците Анастасија Мојсовска (308,2 кругови) и Мартин Ангелески (307,4 кругови) кои со вкупен резултат од 615,6 кругови се пласираа на 6-то место. Втор тим во оваа дисциплина беа Марија Црвенковска (296,6 кругови) и Бојан Спасеноски (302,8 кругови) или вкупно 599,4 кругови и трет тим Теодора Христова (295,6 кругови) и Никола Блажевски (299,6 кругови) или вкупно 595,2 кругови

Со оглед на тоа што повеќето репрезентативци се млади, перспективни и со огромен потенцијал за натпреварот во Нови Сад може да кажеме дека е уште едно големо искуство за младите стрелци кое треба да придонесе повисоки резултати и полесен пласман во финале на останатите меѓународни натпревари кои ги очекуваат во натпреварувачката сезона за 2023 година.