Македонската Спортска Стрелачка Федерација им се заблагодарува на сите учесници како натпреварувачи, а и гости пријатели на федерацијата и љубители на спортското стрелаштво кои го поддржаа 17-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2023 кој се одржа на 20-ти и 21-ви мај 2023 година. Посебна Благодарност упатуваме до нашите спонзори и поддржувачи без кои нема да бидеме во можност да го одржиме истиот во континуитет.

По тој повод на официјалното отварање се доделија и златни плакети по повод 75 години јубилеј од формирањето на Македонската Спортска Стрелачка федерација во далечната 1948 година.

На присутните се обрати Претседателот на МССФ Јордан Тасевски и Генералот на Армијата Мирче Ѓоргоски кој имаше чест свечено да го отвори 17-от Гранд При Скопје 2023 додека Градоначалникот на Општина Гази Баба Г-дин Бобан Стефковски оправдано беше отсутен.

ОФИЦИЈАЛНИОТ БИЛТЕН СО РЕЗУЛТАТИ ОД 17-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2023 можете да го погледнете и симнете овде:
Во прилог фотографии од 17-th Grand Prix SKOPJE 2023