Почитувани;

На меѓународен натпревар Кикинда Куп во Србија кој се одржа во период од 25-27 ноември 2022 година македонскиот репрезентативец Мартин Ангелески во дисциплината воздушна пушка 60 мажи се закити со злато!. Со солиден резултат од 617,6 кругови како прво пласиран во квалификациите продолжи во финале каде што во извонредно неизвесно финале го потврди својот квалитет и го освои златниот медал. Честитки за нашиот член на државната репрезентација на Македонија.

На ова првенство учествуваа и неколку други Македонски спортски стрелци кои имаа по два настапи и тоа на 26.11.2022 во дисципплината Air Rifle Women 60 Junior настапија: Анастасија Мојсовска со 619,1 кругови на 10-та позиција, Лилјана Илиева со 606,4 кругови на 22-та позиција додека во дисциплината Air Pistol Women 60 дебитираше младата јуниорка Ива Дилевска која испука солиден резултат од 532 круга и се пласира на 11 место, а Јордан Тасевски во дисциплината Air Pistol Мen 60 со 561 круг се пласира на 7-та позиција во конкуренција на 46 натпреварувачи.

Натпреварите од вториот ден на 26.11.2022 започнаа со влез во финале за стрелецот Мартин Ангелески во дисциплината Air Rifle Меn 60 кој по завршување на квалификациите оствари резултат од 6,17,6 кругови и се пласира на 1-то место односно по завршување на финалната борба истиот го освои 1-то место со резултат од 252.4 кругови.

Кај жените во дисциплината Air Rifle Women 60 по втор пат настапија Анастасија Мојсовска која со резултат од 620,6 кругови исто така се пласира во финале како шестопласирана, а по завршување на финалната борба оствари резултат од 152,3 кругови и се пласира на 7-то место и Лилјана Илиева со 605,9 кругови на 17-та позиција додека со воздужен пиштол женипо втор пат настапи и Ива Дилевска која испука резултат од 521 круга со пласман на 10-та позиција.

Со ова македонските стрелци уште еднаш докажаа дека систематското работење изминатите три години во клубовите со поддршката од МССФ вродуваат плод со тоа што веќе континуирано стрелците се учесници во финале на меѓународните натпревари, а се почесно почнуваат и медали да освојуваат.