Почитувани, изминатиов викенд од 18 до 20 ноември нашите стрелци Лилјана Илиева со воздушна пушка и Мартин Ангелески со воздушна пушка настапија во Тирана на стрелиштето „Реџеп Рама“ по втор пат на еден натпревар во Албанија. Меѓусебната соработка беше воспоставена минатата година за прв пат по инцијатива на Претседателот на Албанската Стрелачка Федерација Г-дин Стефан Рруфа, а нашите стрелци беа предводени од Претседателот на МССФ Јордан Тасевски и Џеват Исени еден од членовите на Управниот одбор на МССФ . Натпреварот кој се одржа беше во рамки на денот на независноста, а Албанската Стрелачка Спортска Федерација го одржа Купот „ПАВАРЕСИЈА“ на кој учествуваа и тимови на Албанија, Црна Гора и Косово. Нашите стрелци на натпреварот освоија прво место и второ место во две дисциплини и тоа Мартин Ангелески во дисциплината воздушна пушка 60 мажи со испукани 612,1 кругови и Лилјана Илиева со воздушна пушка 60 жени со резултат од 615,6 кругови кој воедно е нејзин личен рекорд.
На посебна церемонија, во присуство на Претседателот на Олимпискиот комитет на Албанија Г-дин Фидел Или, беа поделени дипломи за спортистите додека Албанската Стрелачка Спортска Федерација додели плакети за благодарност и соработка за поканети тимви од Македонија, Црна Гора и Косово. Претседателот на  Албанската Стрелачка Спортска Федерација Г-дин Стефан Рруфа изрази голема благодарност на Претседателот на Олимпискиот комитет на Албанија Г-дин Фидел Или за дадената пгромна поддршка во изминатиот период со серија серија проекти за развој на спортското стрелаштво, а исто така и на Министерот за спорт и култура кој беше присутен на доделувањето на признанија. Во меѓусебен разговор Претседателите на четирите федерации во иднина договорија континуирана меѓусебна соработа со цел подобар развој на спортското стрелаштво во овој регион и поддршка на досегашните одлични резултати на младите спортисти со цел постигнување на уште поконкурентни резултати на европско и светско ниво во областа на спортското стрелаштво.